Македонија
Од утре некои од билетарниците на ЈСП ќе бидат затворени
Од утре, 21 март, билетарниците на ЈСП Скопје и центрите за персонализација ќе имаат скратено работно време, а некои воопшто нема да работат.
Работно време на билетарници
*Нема да работат билетарниците кај Транспортен центар (на излез), таа кај „Пошта“, а затворени во наредниот период ќе бидат и билетарниците во населбите Радишани, Карпош 4 и Железара.
*Од 6 до 13 часот, од понеделник до петок, односно од 7 до 13 часот во сабота, ќе работат билетарниците во Бутел (кај поранешното кино), Кисела Вода, Лисиче и билетарницата во населбата Даме Груев.
*Од 6 до 17 часот, од понеделник до петок, односно од 7 до 17 часот во сабота, ќе работат билетарниците во ГТЦ, Аеродром, Ѓорче Петров, Ново Лисиче, Буњаковец, „Зелен пазар“, Бутел (кај пазарот), а истото работно време ќе важи и за билетарниците во Маџари, Драчево, кај дирекцијата на ЈСП „Скопје“, Сарај и Дом на печатот.
*Во недела, од 7 до 13 часот, ќе работат билетарниците во Ѓорче Петров, кај „Зелен пазар“ и таа на излез кај Транспортен центар.
Центри за персонализација
*Привремено затворени ќе бидат и четири центри за персонализација, оној во Автокоманда (кај Шумарскиот факултет), во Аеродром, Влае и центарот за персонализација во просториите на „ЈСП турс“.
*Центрите во Карпош 2, на Бит-пазар и Транспортен центар ќе работат од понеделник до петок, од 6 до 17 часот, односно од 7 до 17 часот во сабота. Во недела ќе бидат затворени.
Услугите на ЈСП „Скопје“ може да се купат и во над сто маркети и трафики, кои се дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук-страницата на ЈСП „Скопје“ https://www.facebook.com/jspskopjee/ ),чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.
Посоченото работно време на билетарниците и центрите за персонализација ќе важи во наредниот период, а за евентуални промени, корисниците на јавниот превоз ќе бидат навремено информирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

