Свет
(Видео) Луѓето во карантин, орди животни излегуваат на улиците
Во земји како Италија, Тајланд и Јапонија присуството на животни на улиците се зголеми како резултат на отсуството на луѓе.
Милиони урбани жители остануваат во своите домови поради карантинот воведен како мерка за спречување на ширењето на Ковид-19. Во некои градови е забележано зголемено присуство на животни на улиците. Тие бестрашно се шетаат затоа што речиси и да нема луѓе наоколу, пренесува „Кликс“.
Deer in Nara, Japan are used to tourists feeding them.
Now, coronavirus has halted tourism.
And the deer are racing through the streets looking for food. pic.twitter.com/i05k85cZxU
— Joshua Potash (@JoshuaPotash) March 17, 2020
Нара е град познат по големиот парк во кој живеат елени, но некои од нив почнале да излегуваат на улиците во потрага по храна. Обично улиците на овој град се полни со туристи, а сликата на елените кои живеат во Нара е една од најголемите атракции. Луѓето обично ги хранат со крекери. Бројот на посетители во паркот опаѓа последниве недели, така што елените немаат друг избор освен да бараат храна на улиците.
На „Твитер“ беа објавени голем број фотографии на елени, што предизвика шок или страв кај жителите на Нара. Некои корисници велат дека е забавно да се видат во град.
Друго видео прикажува снимка на гладни мајмуни на градскиот плоштад во Лопбури, Тајланд.
Posted by Sasaluk Rattanachai on Вторник, 10 март 2020
Италија е една од најтешко погодените земји од коронавирусот. Многу градови се целосно изолирани поради пандемијата, при што на социјалните мрежи кружат фотографии на кои се гледа дека овци, диви свињи и коњи шетаат по пустите улици, пишува Bored Panda.

Еден Италијанец објави фотографија на која се гледа како коњ слободно шета низ улиците на неговиот град. Потоа еден негов сонародник објави фотографија на овци кои трагаат по храна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кремљ: Разбираме дека се прават промени во мировниот план на Трамп
Кремљ верува дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина би можел да биде многу добра основа за преговори, објавија руските медиуми.
Контроверзниот план од 28 точки наводно го изготвиле санкциониран руски функционер и американски претставник надвор од официјалните канали. Откако беше објавен од Аксиос, европските земји изнесоа неколку контрапредлози.
Русија не ја добила прилагодената американска верзија на планот за Украина, соопшти Кремљ, но разбира дека се прават промени. Исто така, се вели дека Европа ќе мора да биде вклучена во одреден момент бидејќи би било невозможно да се зборува за безбедноста без неа.
Кремљ изјави дека „нема што да каже“ за извештаите дека секретарот на американската армија, Ден Дрискол, водел разговори со руска делегација во Абу Даби.
фото: принтскрин
Свет
(Фото) Кина лансираше летало без екипаж откако последното беше оштетено од вселенски отпад
Кинеската мисија „Шенжоу-22“ лансирана е денеска, додека земјата се обидува да ги намали безбедносните ризици за својата програма за вселенски летови со екипаж и вселенската станица, откако претходно вселенско летало беше оштетено во орбитата порано овој месец.
Вселенското летало без екипаж „Шенжоу-22“ на кинеската вселенска станица „Тјангонг“ треба да го замени „Шенжоу-21“, кое мораше да се врати на Земјата шест месеци порано откако второто вселенско летало што се закачи на станицата беше оштетено. „Тјангонг“ и неговиот тричлен кинески екипаж се без вселенско летало за летање во случај на вонредна состојба веќе 10 дена, првпат откако станицата почна да работи кон крајот на 2022 година.
🚀#China launched the #Shenzhou22 #spaceship from the Jiuquan Satellite Launch Center in northwest China on Tuesday, marking the first emergency launch mission in the country's manned space program. The launch came after the Shenzhou-20 spacecraft was struck by space debris,… pic.twitter.com/D6fPQu1enC
— CCTV Asia Pacific (@CCTVAsiaPacific) November 25, 2025
Оштетеното летало „Шенжоу-20“, кое требаше да го врати триото астронаути на 5 ноември, доживеа судир со вселенски отпад, па екипажот се врати со вселенскиот брод број 21. „Шенжоу-22“ беше лансиран денес од Центарот за лансирање сателити „Џиукван“ во северозападна Кина, како и сите други мисии со исто име.
Клучната разлика е што овој пат вселенскиот брод нема да има човечки екипаж, бидејќи само тројца астронаути можат да бидат на вселенската станица подолг период. Леталото „Шенжоу-23“ со екипаж е закажано да се лансира некаде околу април следната година.
Поради оштетувањето на вселенскиот брод „Шенжоу-20“, неговиот екипаж мораше да остане на станицата дополнителни десет дена со екипажот на новопристигнатиот вселенски брод „Шенжоу-21“, па станицата мораше да работи со својот максимален капацитет од шест астронаути подолго од вообичаеното времетраење на смената.
фото: принтскрин
Свет
Џакарта забранува продажба на месо од мачки, кучиња и лилјаци
Гувернерот на Џакарта, Прамоно Анунг, донесе одлука за забрана на продажба на месо од мачки, кучиња и лилјаци на територијата на индонезискиот главен град, наведувајќи го високиот ризик од ширење на беснило и други санитарни причини.
Одлуката подразбира целосно отстранување на суровото месо и преработените производи од пазарот. Локалните власти нагласуваат дека ова е мерка што треба да придонесе за заштита на јавното здравје.
Гувернерот Анунг изрази надеж дека оваа забрана ќе ја подобри санитарната безбедност во градот и ќе спречи потенцијални епидемиолошки ризици во густо населената метропола.
Фото: принтскрин

