Македонија
Хелсиншки комитет: Итно да се преземат мерки против отпуштања од работа додека трае кризата
Голем број работници го известија Хелсиншкиот комитет за човекови права дека одредени работодавачи ја злоупотребуваат вонредната состојба и најавуваат откажување на договорите за вработување на цели групи вработени лица или значителни намалувања на платите. Ова се надоврзува на фактот што Агенцијата за вработување во Охрид веќе добила пријави за одјавувања на вработени во текстилните фабрики, фабриките за производство на обувки, хотелите и рестораните.
„Од овие причини, сметаме дека е неопходен мораториум на сите откажувања на договорот за вработување од страна на работодавачот (деловни причини) и на сите намалувања на платите во периодот додека трае вонредната состојба. Апелираме до работодавачите да не го користат овој тежок период за лични интереси, туку да се вклучат и доколку можат, да помогнат во надминувањето на здравствената криза во државата. Во овие исклучително непредвидливи и тешки времиња, останувањето без плата за најголем дел од работниците ќе значи ризик по нивната егзистенција и токму затоа се потребни солидарноста и заедништвото. Дотолку повеќе, физичките и правните лица кои не ги почитуваат и ги прекршуваат препораките, ќе сносат кривична одговорност согласно членовите 205 и 206 од Кривичниот законик.
Апелираме до работниците да не потпишуваат ништо без претходно да се консултираат со правник и/или адвокат. Правниот тим на Хелсиншкиот комитет е достапен за бесплатна правна консултација секој работен ден од 9.00 до 14.00 часот. Сите кои ќе се соочат со прекршување на нивните работнички права, тоа можат да го пријават во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31 или во Хелсиншкиот комитет за човекови права, на телефонските броеви 02 3119 073, 072 278 436 или на електронската адреса [email protected]“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

