Македонија
Филипче: Најризична група се повозрасните лица и оние со хронични болести

Министерот за здравство, Венко Филипче, во врска со 63-годишниот пациент од Дебар, кој ноќеска починал на Инфективната клиника од Ковид-19, рече дека станувало збор за пациент кој бил хоспитализиран на 17 март, без покачена температура, со наод на белите дробови.
„Дошло до нагло влошување на состојбата, вчера била направена реанимација, бил ставен на респираторна машина, но тој по неколку часа починал. Пациентите кои претходно имаат некакви заболувања на белите дробови имаат повисок степен на смртност. Ова значи дека поризична група се повозрасните граѓани и тие се коморбидитет“, рече Филипче.
Коморбидитет значи дека станува збор за лица кои имаат дијагнози, од кои една е примарна и хронична.
Во врска со првата почината пациентка, 57-годишната жена од Куманово, Филипче рече дека лекарите презеле сè што требало, но дека нема правило кога се влошува состојбата кога станува збор за коронавирусот. На прашањето како е можно двата теста за Ковид-19 да се негативни, а посмртно тестот да биде позитивен кај оваа пациентка, тој уште еднаш повтори дека „за жал, нема тест во светот кој е 100 проценти сензитивен“.
Денеска на Инфективната клиника се прават шест контролни брисеви на веќе хоспитализирани лица, од кои тројца се во потешка состојба. Анализата треба да покаже дали тие сè уште се носители на вирусот.
Што се однесува до лицата кои биле во контакт со поранешната директорка на Клиниката за кожни болести, Филипче рече дека периодот на изолација е завршен, сите тие ќе бидат тестирани во наредниов период, по што ќе се знае дали можат да се вратат на работните места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.