Свет
Нов Зеланд во паника пред прогласувањето целосна изолација

Се создаде огромен метеж од стотици граѓани коишто се обидуваат да се качат на траекти во Нов Зеланд по најавата дека ќе се воведе општа изолација. Продавниците се испразнети, голем број граѓани се заглавени во странство, паниката го опфати цел Нов Зеланд, каде се очекува да бидат воведени заштитини мерки во борбата против коронавирусот.
Полицијата интервенирала кај терминалите на бродовите коишто го поврзуваат Велингтон на Северен остров и Пиктон во Јужниот Остров. Стотици луѓе очајно се обидувале да добијат место на фериботите. Полицијата соопшти дека имало прилив на луѓе без билети и ги повика оние без резервации да не доаѓаат.
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Арден, вчера нареди четиринеделна општа изолација на населението заклучно со среда во 23:59 часот по локално време за да се запре ширењето на епидемијата. Нов Зеланд е значително зафатен од пандемијата од многу други земји во светот со 142 заразени, но владата е уверена дека тој број би можел да експлодира доколку не се преземат драстични мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин: Немаме докази оти Иран сака нуклеарно оружје, му кажувавме на Израел

Русија постојано му укажувала на Израел дека нема докази оти Иран планира да развие нуклеарно оружје, го цитира „Скај њуз“ рускиот претседател Владимир Путин во денешното интервју.
„Русија, како и ИАЕА (Меѓународната агенција за атомска енергија), никогаш немала докази дека Иран се подготвува да развие нуклеарно оружје, како што постојано му укажувавме на израелското раководство“, изјави Путин.
„Русија е подготвена да го поддржи Иран во развојот на мировната нуклеарна програма“, рече Путин, додавајќи дека Иран има право на тоа.
На економскиот форум вчера во Санкт Петербург, Путин рече дека Русија ги споделува своите идеи за тоа како да се запре крвопролевањето во иранско-израелскиот конфликт со двете страни.
Свет
Израелскиот министер: Го убивме командантот на огранокот на Иранската револуционерна гарда

Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека израелската армија го убила командантот на меѓународниот огранок на Иранската револуционерна гарда во напад на стан во Ком, Иран. Командантот Саид Изади го предводеше палестинскиот корпус на силите Кудс, рече Кац.
Силите Кудс изградија мрежа на арапски сојузници позната како Оската на отпорот, основајќи го Хезболах во Либан во 1982 година и ја поддржуваа палестинската милитантна исламистичка група Хамас во Појасот Газа. Но, мрежата поврзана со Иран претрпе голем удар во изминатите две години бидејќи израелските офанзиви по нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година ги ослабнаа и палестинската група и Хезболах.
Кац рече дека Изади го финансирал и вооружувал Хамас за време на првичните напади, опишувајќи го убиството на командантот како „големо достигнување за израелското разузнавање и воздухопловните сили“.
САД и Велика Британија го санкционираа Саид поради, како што велат, неговите врски со Хамас и палестинската милитантна група Исламски џихад, која исто така беше вклучена во нападите на 7 октомври.
Свет
(Видео) Нов бран израелски напади во Иран, погодена зграда во близина на фабриката Фордоу

Во текот на изминатата ноќ две лица загинаа, а четворица се повредени во напад на станбена зграда во иранскиот град Ком, според извештаите на иранските државни медиуми, пренесува Си-Ен-Ен.
Во нападот беше погоден четвртиот кат од зградата, а тоа се случи набрзо откако израелските одбранбени сили објавија дека почнале нов бран напади врз Иран.
Градот Ком се наоѓа во близина на тајниот ирански капацитет за збогатување ураниум Фордоу.
Неофицијално, Саид Изади, командант на палестинскиот корпус во иранските сили Кудс, наводно бил убиен во стан во градот Ком. Исто така, според неофицијални разузнавачки информации (RUMINT), генерал-мајор Абдул Рахим Мусави, новоименуваниот началник на Генералштабот на вооружените сили на Иран, наводно бил убиен во израелски воздушен напад во областа Саларије во Ком, како дел од операцијата наречена „Раскрет лав“.
#Breaking. According to rumor intelligence (RUMINT), the Major General Abdul Rahim Mousavi, the newly appointed Chief of Staff of the #Iran‘s Armed Forces, was successfully eliminated by the #Israel Air Force in Salariyeh neighborhood of #Qom. #OperationRisingLion https://t.co/5zUfzg69by pic.twitter.com/PsQ1UAgfsV
— Babak Taghvaee – The Crisis Watch (@BabakTaghvaee1) June 21, 2025
Си-Ен-Ен го лоцираше видеото што покажува оштетување на зграда во југозападен Ком. На видеото се гледа како гори пожар на горните катови на повеќекатница.
Во исто време, полуофицијалниот Nour News објави дека противвоздушните системи се активирани над главниот град Техеран, 130 километри северно од Ком.