Македонија
EУ донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија
Еврoпската Унија донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.
Веста на „Твитер“ ја соопшти еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
„Задоволен сум што земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за отворање преговори со Албанија и Северна Македонија. Им честитам на двете земји. Со ова е испратена силна порака за Западен Балкан: вашата иднина е во ЕУ“, напиша Вархеји.
Very pleased that #EU member states today reached political agreement on opening of accession talks with #Albania and #North #Macedonia. I wholeheartedly congratulate both countries. This also sends a loud and clear message to #WesternBalkans: your future is in EU.
— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) March 24, 2020
И претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ја сподели веста на социјалните мрежи.
„Донесена е одлука! Северна Македонија почнува преговори за членство во Европската Унија. ???? Историска одлука во овие тешки времиња за нашиот народ. Нема веќе никакви пречки ниту услови. Европската комисија треба да ги спроведе подготовките, а првата меѓувладина конференција ќе се одржи најбрзо што може. Честитки граѓани, како што успеавме да се кренеме на патот до НАТО и ЕУ, така заедно ќе се справиме и со заразата која го напаѓа светот“, напиша Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла
Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево. Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Р.С.Македонија“, стои во известувањето од ЦУК.
Македонија
ЦУК: Две странски државјанки изгубени на патот кон Дрисла – полицијата упатена на терен
Преку единствениот број за итни повици 112 добиена е информација дека две женски странски лица, кои патувале со возило, се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
Оттаму велат дека ЦУК е во постојана комуникација со МВР и Полициската станица Драчево, од каде е побарано упатување екипа на терен.
Полициска екипа од ПС Драчево е веќе упатена кон локацијата и постапува по случајот, соопшти ЦУК.
Македонија
(Фото+видео) „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“ – марш за загинатите во кочанската дискотека
Илјадници граѓани и родителите на жртвите од Кочани денеска маршираа во Скопје. Побараа правда и одговорност.
Маршот во организација на Здружението на граѓани „16 Март 2025“ од Кочани и иницијативата „Кој е следен“ почна во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, продолжи кон Собранието на Македонија, а заврши пред Основниот кривичен суд.
Се движеа носејќи фотографии од загинатите и транспаренти на кои пишуваше: „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“, „Моето дете беше убиено од систем кој не штити туку убива“, „Колку детски животи треба да згаснат за да се разбудите?“, „Ние изгубивме, вие се уште имате за што да се борите“…


Сопругата на пејачот Андреј од ДНК, Наталија Ѓорѓиеска, побара пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
„Истражувањето што се водеше остана нецелосно, со многу отворени прашања, без одговор и недоразјаснети околности. Ние, семејствата, останавме со сомнеж дека вистината овојпат е сокриена“, кажа Ѓорѓиеска.


Судењето за пожарот во Кочани почнува во среда. Предвидено е неделно да се одржуваат по најмалку две рочишта. Обвинителство распореди 15-мина обвинители кои ќе настапуваат во тимови. Ќе им се суди на сопствениот на дискотеката, фирмата за обезбедување, тројца градоначалници на Кочани, поранешни министри за економија и директори на Дирекцијата за заштита и спасување. Обвинети се за пожарот во Пулс каде загина 63 лица, а над 200 беа повредени.

