Свет
ООН ја поздрави одлуката на Турција да подигне обвинение за убиството на Кашоги
Главниот иследник за човекови права на ООН, Ањес Каламар, која ја водеше меѓународната истрага за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, ја поздрави одлукaта на Турција да подигне обвиненија против 20 лица осомничени за неговото убиство.
Таа рече дека тоа е потребно како „противтежа на кршењето на правдата во рацете на Саудиска Арабија“, пренесува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
На Германија ќе ѝ требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040
На германскиот пазар на труд се очекува да му бидат потребни 288.000 странски работници годишно до 2040 година, според новото истражување објавено оваа недела.
Анализата, спроведена за фондацијата „Бертелсман“, покажува дека сегашното ниво на миграција на странски работници е значително помало од потребното.
Сузане Шулц, експерт за миграција во фондацијата, изјави за ДПА дека треба да се отстранат бариерите и да се подобрат условите за мигрантите за да се задоволи растечката побарувачка. Друга проекција, заснована на малку понеповолно сценарио, сугерира дека Германија ќе има потреба од 368.000 странски работници годишно до 2040 година.
Според оваа проекција, од 2041 до 2060 година, побарувачката се очекува благо да се намали на околу 270.000 работници годишно благодарение на позитивните ефекти од претходната имиграција.
Според студијата, без нова имиграција, се очекува германската работна сила да се намали од 46,4 милиони на 41,9 милиони работници до 2040 година, што е пад од околу 10 отсто поради демографските промени.
Ова ќе се разликува од регион до регион. Истражувањето покажа дека работната сила во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, ќе се намали за 10 отсто, што се смета за умерено.
Повеќе ќе бидат погодени државите како Тирингија, Саксонија-Анхалт и Сар. Дури и во економски силните региони како Баварија, Баден-Виртемберг и Хесен, се очекува значителен недостиг на работна сила без прилив на странски работници.
Свет
Борел: Одлуките на Меѓународниот кривичен суд мора да се почитуваат
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност во заминување, Жозеп Борел, денеска ги повика сите земји членки на ЕУ да ги почитуваат одлуките на Меѓународниот кривичен суд (МКС), вклучително и налогот за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Не можеме да го поткопаме Меѓународниот кривичен суд. Тоа е единствениот начин да има правда на глобално ниво“, рече Борел, чиј мандат завршува овој месец, по што Каја Калас ќе ја преземе функцијата шеф на европската дипломатија.
Борел додаде дека одлуките на Меѓународниот кривичен суд не се политички, туку дека тој е правно тело формирано од угледни луѓе, кои се најдобри во професијата судии, пренесува „Ројтерс“.
Свет
Германските компании сè повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата
Германските компании вработуваат помалку нов персонал и сè повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за ноември.
Показателот што ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од 93,6 поени во октомври на 93,4 поени.
Особено тешка состојба владее во германското производство, каде што поради падот на нарачките, се намалува и потребата од работници, а слична состојба владее и во трговијата.