Црна хроника
Кривична пријава за вработен во „Исар“ поради проневера

СВР Штип поднесе кривична пријава против С. З. (24) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело проневера во службата.
Станува збор за вработен во Јавното претпријатие „Исар“ Штип, кој, според полицијата, со намера за себе да прибави противправна имотна корист во текот на јануари 2020 во два наврата присвоил парични средства во вкупен износ од 135.241 денар, и тоа на 22.1.2020, средства во износ од 26.041 денар, кои му биле дадени од вработената за да ги однесе од наплатниот центар во населбата Сењак до благајната на ЈП „Исар“, а во вториот случај, на 27.1.2020, паричен износ од 109.200 денари, кои од вработената во благајната му бил доверен да го уплати во банка во Штип, на сметката на ЈП „Исар“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен гостиварец кој управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајка

Вчера во 17:40 часот на ул.„Живко Брајковски” во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишија од слобода С.Т.(69) од Гостивар.
Според информациите на МВР, претходно, тој учествувал во сообраќајна незгода со неговото патничко моторно возило „нисан” со гостиварски регистарски таблички и при преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,94 промили алкохол во крвта.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Во септември за 93 лица кривични пријави за недозволена трговија со дрога, запленети над 38 кг марихуана

Во рамки на активностите на полициските и оперативни служби при МВР, во делот на сузбивање на недозволената трговија со дрога, во текот на месец септември вкупно се регистрирани 78 кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога, и притоа согласно Кривичниот законик, кривично се пријавени 93 сторители.
Според кривично правната класификација 71 од овие дела се за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, а седум кривични дела се за „овозможување на употреба наркотични дроги“.
Исто така како резултат на откривањето и расчистувањето на овие кривични дела запленети се повеќе од 38 кг марихуана, 980 милилитри масло од хашиш, 137 стебла, 242 парчиња семки и 0,28 грама семки од растението канабис сатива, потоа 182 грама кокаин, 129 грама манитол, 44 грама хашиш, 27 грама хероин, 20 грама амфетамин, 16 грама мешавина на кофеин и парацетамол, 59 грама мешавина од тутун и марихуана, 12 грама мешавина кофеин, парацетамол и хероин, а во помала количина останати видови дрога и психотропни медикаменти.
Црна хроника
Центарот за социјални работи пријави обљуба врз малолетник на Бит-пазар

На 14 октомври, околу 00:30 часот, во Полициската станица Бит Пазар од Центарот за социјални работи било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар едно лице извршило обљуба врз малолетен штитеник на центарот, информира МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.