Македонија
Прилеп ги засили контролите и врши дезинфекција на возилата при влез во градот
„За жал, ги имаме и првите два потврдени случаја на заразени со коронавирус во нашата општина.Денеска, и како доктор и како градоначалник, се зaинтересирав за состојбата на двајцата наши сограѓани и добив информација дека се во добра здравствена состојба и дека им е укажана адекватна здравствена помош. Сакам да им дадам поддршка за побрзо оздравување, меѓутоа и да ги охрабрам сите оние што имале и најмал контакт со потенцијални преносители, да се пријават за да може надлежните здравствени работници побргу да реагираат.Тоа се наши сограѓани. Секому може да му се случи ова. Но, мораме да бидеме крајно внимателни и одговорни и кон себе и кон другите. Меѓутоа, да не ги стигматизираме и обвинуваме, туку да ги поддржиме и охрабриме“, изјави градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.
„Апелирам граѓаните да ги почитуваат и да се придржуваат до мерките на Владата, како и до препораките на Министерството за здравство и локалните мерки од општинскиот кризен штаб.
Во оваа ситуација, кога веќе имаме два случаја на коронавирус во општина Прилеп и кога сме соочени со можноста бројот на заразени во наредниот период да се зголемува, ја потенцирам потребата од одговорно однесување на секој поединец, на секој граѓанин од нашата општина.
Секој од нас да ги разбере сериозноста на ситуацијата и личниот придонес, кој треба да го дадеме во справување со коронавирусот.
Во таа насока ги заостривме превентивните мерки во борбата со пандемијата. Од денеска ги засиливме контролите на автомобилите на сите четири влеза во градот, при што вршиме дезинфекција на секое возило. Бидејќи денеска во Прилеп беше пазарен ден, од раните утрински часови се вршеше контролиран влез и излез од Градскиот пазар. На влезовите беа поставени средства за лична дезинфекција, а на пазарџиите и на граѓаните им беа давани заштитни маски. Денеска, со поголем интензитет се вршеше дезинфекција на улиците во градот. Тоа ќе биде направено и во населените места во нашата општина. Продолжува забраната за јавниот градски превоз, а од утре Градскиот пазар ќе биде затворен. Почитувајте ги мерките за заштита и превенција. Бидете свесни за последиците од неодговорното однесување. Седете дома. Доколку имате симптоми типични за коронавирусот, најпрвин јавете се кај вашиот матичен лекар. Јавното здравје е заедничка одговорност. Од нас и од нашето однесување зависи како ќе се развива ситуацијата со коронавирусот во нашата општина“, апелира градоначалникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСM: ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена
ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија со усвојување на предавничка Резолуција во Собранието, велат од СДСМ.
„Ја загрозуваат слободата на говорот и мислењето, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена, само да не се зборува за договорот мигранти за пари.
Целта е на опозицијата да ѝ биде забрането да зборува на темата мигранти, под зкана на кривични пријави, кои судовите по итна постапка би ги прифаќале. Затоа и забрзано работат на воспоставување целосна контрола врз судството и обвинителството.
Секој што ја зборува вистината за мигрантите е таргет, да му се заканат со кривична, со затвор, и на тој начин да замолчат каква било дебата за тоа што се случува надвор од очите на јавноста.
Во меѓувреме ќе пласираат лаги и ќе фабрикуваат разни лажни вести, за опозицијата, за новиот тим на СДСМ, се за и сешто“.
Затоа, според оваа партија, во предавничката Резолуција, како што наведуваат, внеле и измислици дека СДСМ подготвувала мигранти, што е целосна лага.
„Кога се носат предавнички резолуции против опозицијата тоа е автократија, вовед во диктатура, режим 2.0.
СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата, заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата.
Ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок и основните слободи за да избегаат од националните предавства.
Ќе се обратиме до сите релевантни меѓународни институции. Помош ќе побарме и од институциите на ЕУ, од сестринските партии во Европа“.
Со сите демократски алатки и механизми кои ни стојат на располагање, додаваат од СДСМ, ќе се бориме за Македонија, за слободата и демократијата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.
Македонија
Без струја делови од скопски Аеродром, Сопиште, и Сарај
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( Четврок ) без електрична енергија ќе останат:
– од 08:00 – 09:00 часот, корисниците од бул.Јане Сандански бр.70 (Општина Аеродром )
– од 08:45 – 14:00 часот, дел од село Кондово, потрошувачите околу пругата и околу градинката. (општина Сарај)
– од 09:00 – 11:00 часот, корисниците од ул.14 Сопиште (Општина Сопиште )
– од 10:00 – 13:00 часот, корисниците пат за село Долно Лисиче после “Ливрам“ (Општина Аеродром).

