Свет
Британската полиција влезе на караоке-забава организирана и покрај мерките за изолација
Британската полиција прекина караоке-забава во Дербишир, која се одржувала и покрај мерките на владата за сузбивање на коронавирусот. На забавата имало 25 деца и возрасни.
Полицијата на Дербишир соопшти дека полицајците биле шокирани кога на една адреса затекнале група од 25 деца и возрасни на караоке-забава, пренесе „Скај њуз“.
Полицијата на „Твитер“ објави фотографии од шведската маса и музичката опрема и наведе дека присутните биле растерани.
Group 1 Officers have just attended an address in absolute shock to find 25 adults and children having a massive party with speakers and karaoke. Everyone dispersed and hosts dealt with.
It is clear people are still having complete disregard for the Government advice and rules. pic.twitter.com/g3GFGhFN6e
— Derby West Response (@DerWestResponse) March 29, 2020
„Јасно е дека луѓето и понатаму не ги почитуваат владините совети и правила“, објави полицијата.
Забавата е организирана првиот викенд по воведувањето на ограничувањата во земјата како одговор на епидемијата на Ковид-19.
На Британците им е наредено да останат дома најмалку три недели, освен за многу ограничени потреби.
Полициските власти во некои градови ги охрабруваат граѓаните да ги пријавуваат соседите што ги прекршуваат правилата. Како што објави „Скај њуз“, полицијата во градовите примила голем број пријави за домашни забави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Монд“: Одбраната на источното крило на ЕУ треба да биде приоритет поради руската закана
Одбраната на источното крило на Европа треба да биде „непосреден“ приоритет поради руската закана, изјавија денес лидерите на осум земји од Северна и Источна Европа на самитот одржан во Хелсинки, објави парискиот весник „Монд“ на својата веб-страница.
„Русија останува закана денес, утре и во догледна иднина“, изјави финскиот премиер Петери Орпо на прес-конференција.
Ситуацијата бара источното крило на Европската Унија (ЕУ) да добие непосреден приоритет преку оперативен, координиран и повеќедоменски пристап, изјавија во заедничка изјава лидерите на Финска, Шведска, Латвија, Литванија, Естонија, Полска, Романија и Бугарија.
Потписниците ја нагласија потребата од зајакнување на копнените борбени капацитети, одбраната од беспилотни летала, воздушната и ракетната одбрана, заштитата на границите и критичната инфраструктура во рамките на ЕУ и во соработка со НАТО.
„ЕУ може да игра важна улога преку поддршка на напорите на поединечните земји-членки за зајакнување на нивните одбранбени капацитети, преку дефинирање на финансирањето, поедноставување на регулативите и подобрување на воената мобилност“, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон.
Тој додаде дека нема знаци дека Русија сака мир во Украина.
Фото: депозитфотос
Свет
Словачкиот министер за одбрана: Украина пропушти историска шанса
Продолжувањето на вооружениот конфликт во Украина ќе предизвика уште поголема штета на Киев, изјави словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак во интервју за локалниот весник „Правда“.
„Колку подолго трае конфликтот, толку поголема штета ќе предизвика на Украина“, рече Калињак, оценувајќи дека Киев имал можност да постигне поповолен договор со Русија веднаш по почетокот на војната.
Според него, околностите значително се промениле во меѓувреме, а Европската Унија повеќе нема финансиски или човечки ресурси потребни за да продолжи со сеопфатна поддршка на Украина.
„Европа е уморна. Никој не сака да ги испраќа своите војници, а земјите-членки на ЕУ веќе се двоумат кога станува збор за понатамошно финансирање. Затоа се повеќе се зборува за користење на блокирани руски средства“, истакна словачкиот министер за одбрана.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека продолжувањето на конфликтот во Украина може да доведе до избувнување на трета светска војна.
Фото: депозитфотос
Свет
Зеленски предлага божиќно примирје; Русија го отфрла предлогот
Кремљ денес го отфрли предлогот на Киев за божиќно примирје, велејќи дека Русија нема намера да ги запре нападите за време на празниците, пренесуваат медиумите.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва „не сака примирје што би ѝ дало време на Украина да се прегрупира и да се подготви за продолжување на војната“. Тој додаде дека Русија сака „мир, а не краткорочни, неодржливи решенија“.
Зеленски предлага божиќно примирје
Предлогот за божиќно примирје прв го изнесе украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вчера изјави дека Киев ја поддржува идејата барем привремено да ги запре руските напади, особено врз енергетската инфраструктура, за време на празничниот период.
Кремљ претходно денес изјави дека евентуалното примирје ќе зависи од тоа дали ќе се постигне поширок договор за прекин на војната. Песков, исто така, ги спомена изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за евентуален мировен договор.
„Прашањето е дали ќе постигнеме договор или не. Сакаме да ја запреме оваа војна, да ги постигнеме нашите цели, да ги обезбедиме нашите интереси и да гарантираме мир во Европа во иднина“, рече Песков.
Тој исто така рече дека Москва сè уште не видела никакви конкретни предлози за безбедносни гаранции за Украина, за кои, според американските и европските претставници, Вашингтон разговара со Киев. Украина, барем засега, тврди дека примирјето за Божиќ би било хуманитарно. Русија се чини решена дека нема да има.
Фото: депозитфотос

