Забава
Кинеските истражувачи тврдат дека постојат два типа Ковид-19

Прелиминарна студија спроведена од научници од Универзитетот во Пекинг и Институтот „Пастер“ во Шангај покажува дека постојат два вида од новиот коронавирус, од кој едниот е поагресивен, а другиот носи поблаги симптоми.
Американски Си-ен-би-си известува дека е утврдено оти поагресивниот вид на вирусот бил доминантен во раните фази на епидемијата во Вухан, кинески град каде што првпат беше откриен Ковид-19 кон крајот на минатата година.
Сепак, интензитетот на тој вид вирус се намалил од почетокот на јануари.
Кинеските истражувачи велат дека наодите на студијата сугерираат дека развојот на нови варијации на вирусот веројатно е предизвикан од мутации и природна селекција, како и со рекомбинација, пренесува американската мрежа.
„Овие откритија се силна потврда за итна потреба од понатамошни итни и сеопфатни студии со кои се комбинираат информациите за геноми, епидемиолошки податоци и графикони со записи од клинички симптоми на пациенти со Ковид-19“, велат истражувачите.
Наодите беа објавени во магазин на кинеската Академија на науките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Кога ќе дојде летото – таа не излегува од бикини

Германската манекенка обожава да привлекува внимание на различни начини, а секој пат фокусот е на нејзината зачудувачка фигура.
Кога познатата манекенка Хајди Клум не привлекува внимание на социјалните мрежи, други го прават тоа за неа. Овој пат, таа имаше фотосесија за еден бренд и повторно ја покажа својата совршена фигура.
Иако сè уште ни е во глава една од нејзините последни објави во бикини каде што полева цвеќиња, Хајди се заканува дека ќе ги помести границите со овие фотографии, барем кога станува збор за неа.
Кој вели дека бикини не може да се носи низ град? Познатата манекенка искомбинираше син костим за капење со тесни фармерки со висок струк и тексас јакна.
За многу кратко време, нејзините фотографии ги преплавија социјалните мрежи и порталите, а луѓето со воодушевување коментираа за нејзиниот изглед, со оглед на тоа дека Хајди изгледа подобро од кога било.
Забава
(Фото) Три летни модни комбинации на Ана Ивановиќ

Ана Ивановиќ е модна инспирација со години, дури и за време на нејзините тениски денови, нејзината вродена елеганција и убавина отсекогаш биле тема на многубројни глобални медиуми.
Познатата српска тенисерка Ана Ивановиќ отсекогаш важела за една од најубавите спортистки. Откога реши да се пензионира и да го остави рекетот настрана, многу повеќе се посвети на модата и убавината, што го покажуваат нејзините објави на „Инстаграм“.
Убавата Србинка неодамна е во центарот на вниманието поради наводниот развод, но сепак сè уште не коментирала на темата, па затоа сè е уште на ниво на претпоставки.
Со оглед на тоа што веќе неколку месеци е поактивна од вообичаено, таа потсети многумина дека не треба многу за совршен стил, доволни се едноставноста и умереноста.
Ана отсекогаш покажувала природна убавина, а нејзините објави се секогаш без никаков филтер.
Подолу ви ги донесуваме нејзините три идеи за одличен летен изглед.
Цветни мотиви
View this post on Instagram
Провокативно, но одмерено
View this post on Instagram
Цвеќиња, но и прорези на фустанот
View this post on Instagram
Забава
(Фото) Холивудскиот убавец не престанува да шокира: „Бред, дефинитивно, има криза на средните години“

Новиот изглед на Бред Пит стана жешка тема на социјалните мрежи, а се чини дека на фановите баш и не им се допаѓа она што го носи познатиот актер.
Познатиот холивудски заводник Бред Пит целосно го промени својот стил на облекување откако почна да ужива во љубовта со 29 години помладата Инес де Рамон.
Тој е во среќна врска од 2022 година и одамна не ја крие оваа убавица, а неодамна вечераа заедно со неговиот голем пријател Бредли Купер и неговата 20 години помлада девојка, Џиџи Хадид.
И потоа Бред привлече внимание со својата облека толку многу што многумина коментираа дека Инес изгледа како божица, а тој како кловн во таков костум.
„Криза на средните години“, напиша некој и можеби тоа е вистина.
За најновото појавување на Инес и Бред, обожавателите повторно беа во шок кога се појави актерот. Тој избра широки фармерки, плишено син сако и кошула со вертикални пруги, сето тоа надополнето со необични чевли со квадратен врв.
Од друга страна, убавата Инес носеше преубава туника во комбинација со ѕвонче панталони, сè украсено со реси, и популарна чанта од „Фенди“.
„Изгледа како да ги потрошил сите пари на неа, па немал за себе“, „Изгледа како божица“, „Бред, дефинитивно, има криза на средните години“, беа некои од коментарите.