Македонија
ЛДП го поздравува пакетот економски мерки што го усвои Владата
Либерално-демократската партија го поздравува пакетот економски мерки што го усвои Владата, истакнувајќи ја важноста дека истите произлегуваат од демократската дебата која Македонија покажа дека може да ја води и во кризни моменти.
„Добро е што Владата ги послуша сите оние кои говореа јавно и во рамките на владините тела дека мора да се усвојат балансирани мерки со кои ќе се поддржат граѓаните, но и малите и средни бизниси со цел полесно надминување на кризата“, соопшти партијата.
Воедно ЛДП ги повикува големите и моќни компании, како и оние кои можат да ја покажат општествената солидарност да го поддржат Фондот кој го направи Владата за надминување на кризата со Ковид-19.
Во очекување на понатамошни мерки кои Владата ќе ги објавува зависно од развојот на настаните, ЛДП ја повторува важноста за континуиран придонес на сите чинители во општеството за почитување на мерките, но и за конструктивен пристап во доставувањето предлози за заедничко надминување на кризата која не засега сите поединечно и како нација во целина.ЛДП ќе продолжи така да се однесува во рамките на Владата, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

