Свет
Секој четврти лекар во Британија е заразен со Ковид-19 или е во самоизолација
Управникот на Кралскиот лекарски колеџ, Ендру Годар, изјави дека секој четврти лекар во здравствениот систем на Велика Бртанија или е заразен со коронавирус или е во самоизолација.
Тој рекол дека одделите за интензивна нега во некои болници го достигнале лимитот, пренесува „Гардијан“.
Сепак, тој истакнал дека повеќето лекари кои се во домашна изолација не значи дека се и заразени со коронавирус.
Британската влада се најде на удар на критиката поради недостиг на заштитна опрема на медицинските лица кои ги лекуваат пациентите со коронавирус. Недостасуваат маски, заштита за очите, како и други основни медицински средства.
Според официјалните податоци, 393 лица починале од коронавирус во последните 24 часа во Велика Британија. Ова го означува најлошиот ден во Велика Британија откако започна пандемијата на коронавирус.
Вкупниот број на смртни случаи е 1.801 луѓе. Најмногу жртви има во Англија – 367 , а потоа следува Шкотска, со 13 смртни случаи, седум во Велс и шест во Северна Ирска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Роберт Фицо му честита на Трамп за победата, разговараа за војната во Украина
Словачкиот премиер Роберт Фицо преку телефонски разговор му ја честитал победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, од кој значаен дел е посветен на анализата на војната во Украина, соопштија од кабинетот на премиерот.
Фицо нагласи дека во Европа, а особено во Словачка, многумина се надеваат дека Трамп ќе го реши конфликтот во Украина, пренесе ТАСР.
„Убеден сум дека има огромни очекувања во однос на него не само во Словачка туку и во цела Европа кога станува збор за воениот конфликт во Украина“, рече Фицо.
Регион
Убиен син на хрватски пејач во Еквадор: го застрелале две лица на мотор, го убиле со четири куршуми
Томислав Зеленчиќ (48), хрватски државјанин, е убиен во вооружен напад во Манта, во провинцијата Манаби во Еквадор, што го прави четврта жртва во регионот во последните три дена. Зеленчиќ, кој живееше во тој град повеќе од 20 години, беше убиен во напад во вторникот, на 26 ноември, во 10 часот, во близина на неговиот дом во населбата Јоцај.
Според изјавите на сведоците, жртвата се движела по тротоарот во близина на неговата куќа, а нападот го извршиле две лица на мотор. Напаѓачите, според еквадорските медиуми, испукале најмалку четири куршуми кон Томислав Зеленчиќ пред да побегнат. Тешко повредениот Хрват останал да лежи на улицата во локва крв. Соседите и роднините со приватно возило го пренеле во болницата „ИЕСС Манта“, каде што и покрај напорите на медицинскиот персонал, набргу починал. Полицијата излегла на местото на настанот за прибирање докази. Телото е пренесено на судска медицина во Манта за понатамошна обдукција. Мотивот за нападот сè уште не е познат, а властите почнале интензивна истрага за откривање на сторителите.
„Јутарњи лист“ пишува дека Зеленчиќ е син на пејачот Инослав (Ино) Зеленчиќ, основач на групата „Задар експрес“. Пред многу години Томислав се преселил во Панама, каде што работел на рибарски бродови, по што се преселил во Еквадор. Еквадорските медиуми објавија и дека Зеленчиќ во 2016 година поднел пријава за грабеж, кој набргу бил решен.
Свет
Владејачката партија во Грузија номинира поранешен фудбалер за претседателски кандидат
Грузиската владејачка партија Грузиски сон денеска го предложи поранешниот пратеник и професионален фудбалер Михеил Кавелашвили за свој кандидат на претстојните претседателски избори закажани за 14 декември.
Кавелашвили, кој накратко играше за „Манчестер сити“ во средината на 90-тите, беше еден од основачите на фракцијата Народна Шакта, која произлезе од партијата Грузиски сон, и е познат по серијата остри антизападни изјави, објави „Ројтерс“.
Во септември тој ја опиша опозицијата како петта колона, која се обидува да го загрози мирот во Грузија под инструкции на „американската администрација и одредени сенатори“, а во јуни го обвини американскиот конгресмен дека планира „насилна револуција и украинизација на Грузија“.