Забава
Kлаудија Шифер ангажирала чувар за својата долна облека

Клаудија Шифер откри дека порано барала заштита за својата долна облека бидејќи многу парчиња од нејзината лична гардероба исчезнувале додека таа била на модната писта.
„По завршувањето на модните ревии, постојано ми ја снемуваше долната облека, мојот градник, моите килоти… не беа таму каде што сум ги оставила“, изјави 49-годишната Германка, супермодел, за мајскиот број на магазинот „Ел“, на кој таа е насловната страница.
Русокосата убавица беше една од првите супермодели во 90-тите, која постигна голем успех заедно со другите од групата наречена Big Six (Големата шесторка) – Наоми Кембел, Синди Крафорд, Кристи Тарлингтон, Линда Евангелиста, и Татјана Патиц.
Таа се сеќава како некои луѓе правеле чудни, понекогаш екстремни обиди за да ги сликаат.
„Беше лудо… како да си рок-ѕвезда. Не можев да стигнам до својот автомобил. Луѓето ги сечеа модните шатори и правеа дупки за да сликаат. Имаше голем тим обезбедување на секоја модна ревија“, додава таа во интервјуто за „Ел“.
Клаудија, која во август ќе наполни 50 години, нема никакви проблеми со возраста и тврди дека е нормално палката на убавината да ѝ се предаде на следната генерација и додаде дека таа старее природно.
„Во мое време добивав многу прекрасни комплименти. И потоа влегувате во следна фаза и продолжувате понатаму. Не мора целиот живот да ве нарекуваат убава“.
„Тоа е убаво сеќавање, но потоа доаѓа следната генерација. За мене, природна работа е да го отстапиш местото… да не бидеш завидлив или љубоморен“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Меѓу ѕвездите“: македонскиот бенд „CODE 369“ со нов албум

Македонскиот бенд „CODE 369“ од Битола, познат по својата силна музичка посебност, која комбинира фанк, џез, рок и поп, го објави својот втор студиски албум за Croatia Records – „Među zvijezdama“ („Меѓу ѕвездите“).
По успешното деби „Stages of Love“, овој нов албум го потврдува нивниот статус на еден од најсвежите алтернативни рок состави во регионот.
Автор на музиката за сите песни на албумот е Даниел Митревски, кој е и продуцент на албумот, додека текстовите се на пејачката Ирена Димовска, освен за песната „Конкретно“, кој го напиша Мила Влаисављевиќ. Албумот е снимен во студиото „Atelier“, а мастерингот е на Славко Ристески, работен во студиото Про Саунд. Визуелниот идентитет на албумот го дизајнираше Лана Ловриќ, чие уметничко решение ја следи атмосферата и пораката на албумот – патување низ емоциите и соништата.
„Албумот „Меѓу ѕвездите“ носи звук кој балансира помеѓу алтернативното изразување и комерцијалната прифатливост, притоа задржувајќи ја карактеристичната слобода, енергија и длабочина што обожавателите на бендот веќе ги препознаваат и ценат. Посебен фокус е ставен на синглот „Конкретно“, кој веќе наиде на одлични реакции кај публиката и критиката.
„CODE 369“ неодамна настапија на Деновите на Croatia Records во Македонија, каде во живо претставија неколку нови песни. Албумот досега беше достапен дигитално, а сега го има и како це-де издание, кое може да се купи и онлајн“.
Забава
(Видео) „Толку е сладок“: Бред Пит со нов имиџ

Бред Пит веќе некое време работи на промоцијата на филмот Формула 1.
Неодамна даде интервју за списанието „GQ“, каде што зборуваше за деталите од овој филм, но за прв пат проговори и за својата нова партнерка, Инес де Рамон.
he's so cute 🥹 #bradpitt pic.twitter.com/Jwzn47ACML
— vi 🐞 (Hayes') (@itshighart) June 10, 2025
Тој продолжи со понатамошната промоција во Мексико и ги воодушеви сите присутни со промената на својот имиџ.
Холивудскиот лик прошета по црвениот тепих во модерно одело во боја на лаванда, а на стајлингот додаде златен прстен и очила за сонце.
Покрај тоа, промената на фризурата беше забележлива, односно, Бред Пит покажа кратка фризура и седа брада.
Корисниците на социјалните мрежи масовно го коментираат новиот изглед на Бред Пит.
„Толку е сладок“, „Изгледа совршено“, се само некои од коментарите.
Забава
Заменете го кафето со мача – ги намалува стресот и анксиозноста

Сè попопуларен пијалок во светот, но и кај нас, е мачата, во различни варијации, која се прави од правот на истоименото растение.
Мачата се прави од горните три слоја млади листови од растението Camellia sinensis, а според експертите, консумирањето мача води до намалување на стресот и анксиозноста.
Овој смирувачки ефект на мачата најмногу се припишува на две супстанции – L-теанин и епигалокатехин галат (EGCG).
L-теанинот е аминокиселина присутна во зелениот чај која има смирувачки ефект, а бидејќи мачата е концентрирана форма на зелен чај, се верува дека L-теанинот во него има уште посилен ефект поради поголемата количина.
„Докажано е дека промовира релаксација без поспаност, со зголемување на активноста на алфа мозочните бранови и модулирање на невротрансмитерите како што се GABA, допамин и серотонин“, објаснува д-р Ли А. Фрејм.
Мачата, исто така, содржи EGCG, растително соединение кое може да помогне во намалувањето на воспалението и оксидативниот стрес, што може да биде поврзано со анксиозност.
Мачата, исто така, содржи помалку кофеин од кафето или еспресото. Кофеинот брзо се апсорбира од телото, го стимулира нервниот систем и може да ги зголеми нивоата на адреналин и кортизол, хормони поврзани со стрес.
Она што ја прави мачата посебна е присуството на L-теанин, кој ги намалува ефектите на хормоните на стрес и му помага на телото да остане смирено и фокусирано, без ненадејни напливи на енергија и нервоза.
Постојаното пиење мача може да биде корисно во намалувањето на стресот, а дури и повремена чаша од овој пијалок може да има позитивен ефект, пишува Verywell Health.
Мачата е одлична и во разни јадења како што се десерти, но EGCG и L-теанинот можат да бидат уништени од високите температури што се користат при продолжено готвење, поради што најдобро е да се консумира како пијалок.