Свет
Убиено момче што го прекрши полицискиот час, на Филипините луѓето ги ставаат во затвор, во Парагвај ги претепуваат

Полицијата во многу земји доби дозвола да го контролира однесувањето на луѓето на начини што во некои случаи се дури и екстремни, пишува „Гардијан“.
Полицијата во Кенија испратила искрено сочувство кога 13-годишно момче било убиено на својот балкон во Најроби додека полицијата се движела низ соседството принудувајќи почитување на полицискиот час.
„Влегуваат, викаат и нè тепаат како да сме крави, а ние сме граѓани што го почитуваат законот“, рече Хусеин Мојо, таткото на убиеното момче Јасин.
Сè поголема е загриженоста дека полициските сили во светот користат мачни и понижувачки казни за спроведување карантински мерки за најсиромашните и најранливите групи вклучувајќи и десетици милиони луѓе на кои им се заканува глад ако не се спротивстават на овие мерки, односно не бараат работа.
Во текот на изминатата недела се појавија снимки на кои се прикажани работници мигранти во Индија, кои стојат покрај патот додека ги прскаат со хемикалии. Станува збор за дезинфекција пред да влезат во матичната провинција.
Работниците што се враќале од Њу Делхи биле прскани со средство за белење, натриум хипохлорит, што може да предизвика оштетување на кожата, очите и белите дробови, објави „Индијан експрес“.
На пример, во Пенџаб луѓето што ги кршат карантинските правила се принудени да прават склекови и да извикуваат: „Ние не сме пријатели на општеството. Не можеме да седиме дома“.
Слична понижувачка тактика користи и полицијата во Парагвај, каде што луѓето што ги кршеле правилата за карантин морале да направат ѕвезда и им се заканувале со електрошокови.
Иако постои растечки глобален консензус дека напорите за заштита на јавното здравје во пандемија бараат привремени жртви за некои индивидуални слободи, експертите за човекови права на ООН ги повикаа државите да обезбедат дека нивниот одговор на пандемијата е сразмерен, неопходен и недискриминаторски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски назначи нов командант на копнените сили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на Копнените сили, откако неговиот претходник поднесе оставка поради рускиот напад на полигон за обука.
Шаповалов, чие назначување беше објавено со претседателски декрет, претходно беше офицер за врска во координативниот центар на НАТО во Германија.
Претходно ги водеше силите на Оперативната команда „Југ“.
Шаповалов го заменува Михаило Драпатиј на функцијата врховен командант на Копнените сили, кој поднесе оставка овој месец поради смртоносен напад на полигон за обука во југоисточна Украина.
Зеленски го премести Драпатиј на функцијата командант на здружените сили како дел од воената реконструкција.
Свет
Трамп ќе одлучи дали да го нападне Иран во рок од две недели, објави Белата куќа

Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе донесе одлука за евентуален напад врз Иран во следните две недели.
Во разговор со новинарите денес, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, се осврна на пораката од самиот Трамп во која се вели:
„Врз основа на фактот дека постои значителна веројатност преговорите да се случат или да не се случат со Иран во блиска иднина, ќе донесам одлука дали да одам или не во следните две недели.“
Ливит додаде дека „кореспонденцијата со Иран продолжува“.
Свет
Шефот на СЗО го осуди нападот врз болницата: Ужасно

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) ги осуди нападите врз здравствените установи во услови на зголемени тензии меѓу Иран и Израел.
„Извештаите за напади врз здравствената заштита досега се ужасни“, рече Тедрос Аданом Гебрејесус во објава на социјалните медиуми.
The escalation of hostilities between #Israel and #Iran is putting health facilities and access to health care at risk. The reports on the attacks on health so far are appalling.
This morning's attack on Soroka Medical Center in Israel — the only major hospital in the south –… pic.twitter.com/nNJsVQ2Jxf
— Tedros Adhanom Ghebreyesus (@DrTedros) June 19, 2025
Тој предупреди за утринскиот напад врз Медицинскиот центар Сорока во Израел, како и за извештаите за смртта на работник на иранската Црвена полумесечина во Техеран.
„Ги повикуваме сите страни да ги заштитат здравствените установи, здравствените работници и пациентите во секое време. Најдобриот лек е мирот“, напиша тој.