Забава
„Мирор“: Анџелина Џоли повредена и бесна поради романсата на Бред Пит и Џенифер Анистон

Овој период пред 15 години Анџелина Џоли и Бред Пит беа заедно во хотел во Палм Спрингс, а во Лос Анџелес Џенифер Анистон поднесуваше барање за развод, пишува британски „Мирор“.
Озборувањата за жешката романса меѓу главните протагонисти на „Г. и г-ѓа Смит“ со месеци кружеа во јавноста. И покрај негирањата од двете ѕвезди на блокбастерот, петгодишниот брак на Бред и Џенифер заврши.
Но, доколку премотаме напред во денешно време, 2020 година, ќе ги видиме Бред (56) и Џенифер (51) како повторно се дружат и заедно им се радуваат на добиените „Оскари“ и згора на тоа, извори што тврдат дека двајцата планираат тајна свадба на плажа во Мексико.
„Па што прави Анџелина (44) во врска со ова?“, пишува весникот.
Кога на почетокот од оваа година таблоидите почнаа да шпекулираат за повторно обединување меѓу нејзиниот поранешен и Џенифер, мајката на шест деца беше прилично изненадена и збунета.
„На Анџелина не ѝ е гајле за наводната врска на Џен и Бред… таа знае дека се пријатели и тоа не ѝ смета“, изјави извор близок на холивудската актерка за „Холивуд лајф“. „Таа продолжува понатаму. Нема да дозволи ова да ја извади од колосек“, тврдеа извори блиски до Џоли.
Меѓутоа, ситуацијата во последно време нагло се промени, особено откако Бред се пошегува за пропаднатиот брак на една цереминија на доделување филмски награди, а на церемонијата беше и насмеаната Џенифер.
Анџелина Џоли сега веќе е бесна поради шпекулациите за обновената романса, а уште повеќе и за наводната тајна венчавка.
„Таа приватно побара на Џен да ѝ се забрани да ги гледа децата“, изјави инсајдер за австралиското списание Woman’s Day тврдејќи дека таа поднела барање за единствено старателство.
„Ова е огромен шок за сите. Бред штотуку почна да се чувствува дека неговиот живот се враќа на вистинскиот пат по три години пекол. Тој се надева дека разводот ќе биде финализиран до мај“.
Се чини дека Бред повторно се поврза со Џенифер на забавата што таа ја приреди по повод својот 50-ти роденден, а набргу потоа и на божикната забава во нејзината куќа во Лос Анџелес. Ова беа први директен контакти по неговата разделба со Анџелина (2016 година).
„Мислам дека Џенифер никогаш не престана да го сака иако ѝ го скрши срцето и ја остави поради Анџелина. Ѝ требаше многу време за да му прости, а простувањето е голем чекор за да се продолжи понатаму“, британскиот весник цитира извор близок до Анистон.
Таблоидите коментираат дека Бред никогаш не бил посреќен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Крај на ретроградниот Меркур: Овие четири знаци во септември ќе блеснат

По неколкунеделна конфузија, недоразбирања и застои, ретроградниот Меркур конечно заврши. Според астролозите, ова ќе донесе олеснување за сите, но за четири хороскопски знаци септември ќе биде вистински процут
Девица – повторно ја враќа својата стабилност и јасност. Време е за ред, здрави рутини и завршување на заостанати проекти.
Близнаци – исчезнуваат недоразбирањата, а се враќа менталната енергија. Одличен период за комуникација, нови контакти и креативни проекти.
Јарец – со директниот Меркур доаѓа јасен фокус и нова одлучност. Идеите лесно ќе се претворат во конкретни чекори, особено во работа и финансии.
Стрелец – повторно добива енергија за планови, патувања и нови искуства. Времето на застој завршува, а пред нив се отвораат нови можности.
Астролозите велат дека ова е совршен момент за носење важни одлуки, обновување на односите и реализација на замисленото. „Маглата се крева и се отвораат врати за напредок и исполнување“, вели експертот за астрологија Џоан Џонс.
Забава
Преполн Паркот на Франкофонија синоќа за концертот „Нешто што ќе остане“

Илјадници граѓани, синоќа го исполнија Паркот на Франкофонија и заедно уживаа во големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, кој по трет пат собра врвни македонски изведувачи и создаде незаборавна атмосфера. Пет часовна ноќ за паметење со најпознатите македонски хитови на Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона”, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ.
Градоначалникот Горан Герасимовски, во своето обраќање пред присутните, истакна дека кога пред три години ја добил идејата за концертот „Нешто што ќе остане“, не можел да замисли дека ќе прерасне во толку голема традиција со ваков одѕив и поддршка, и од изведувачите и од граѓаните.
„Но ете, идејата прерасна во прекрасна традиција. Трета година по ред се собираме овде, во срцето на Скопје, под отворено небо, на концертот ‘Нешто што ќе остане’. Секоја година со нови изведувачи и нова енергија, но едно останува исто – македонската музика. Овде Македонија пее и ние со неа, на бината и во публиката! Македонските уметници секогаш ја имале и ќе ја имаат мојата поддршка. Тие ја претставуваат Македонија гласно, гордо и со љубов. Уживајте во музиката на нашата и вашата младост, затоа што овие моменти остануваат трајно врежани во сеќавањата. Се гледаме и следната година на ‘Нешто што ќе остане’, затоа што Македонија има свој глас, своја песна, затоа што македонската песна е силата што нè обединува“, рече Герасимовски.
Музичкиот настан „Нешто што ќе остане“ е во организација на Општина Центар.
Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.