Македонија
(Видео) Серафимовска: Да се укине матурата за оваа година и да се донесат сет мерки за учениците
ВМРО-ДПМНЕ предлага да се укине матурата за оваа година и да се донесат сет мерки за учениците.
„Електронското учење, односно користењето мултимедија и интернет за образование на далечина не е новина, но оваа власт повеќе зборува и пишува препораки отколку што спроведува. МОН ги задолжи наставниците без реално да се согледаат можностите. Не смее да се дозволи цела генерација да ја повтори годината, само затоа што некој во Владата не седнал и не размислил за начин и методологија како да ја заокружи учебната година“, изјави Христина Серафимовска.
Таа наведе мерки што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ и кои, според неа, веќе се применувале во современиот свет.
„Предлагаме: одлука со која полагањето државна матура во сите средни училишта во Република Македонија за оваа учебна година ќе биде укинато. Полагањето матура може да биде организирано само за оние ученици што имаат потреба од тоа, но таа да се полага во септември; школската година да заврши на 10 јуни; учениците да се оценат со средна оцена изведена од успехот на учениците во претходното полугодие, условено со завршени домашни задачи во периодот на вонредната состојба.
Потоа: укинување на законските ограничувања за просечен успех, кои се бараат за упис на повисока година во некои средни стручни училишта. Контролирано одвивање на учењето и домашните задачи во домашни услови – да бидат ефектни и суштински, без непотребно оптоварување на учениците. Да се интензивираат телевизиските програми со образовни содржини на сите јазици и да бидат систематизирани по одделенија и предметни програми. Воведување летен семестар за учениците со посебни потреби, кој ќе се одвива во соодветни услови за совладување на знаењата. Да се организираат обуки за изведување и следење онлајн-настава наменети за сите оние наставници и родители што имаат потреба од ваков вид помош. Да се мапираат ученици од социјално ранливи категории, кои имаат потреба од обезбедување опрема за следење онлајн-настава и таа итно да се набави; високообразовните институции да размислат целокупниот процес на упис на нови студенти да го организираат по електронски пат“, рече Серафимовска.
Според неа, најважно во моментот е учениците и студентите да бидат без страв дека една година ќе им пропадне поради неорганизираност на власта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло
Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад од кучиња скитници.
„Доктор од Клиничка болница Битола пријави дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники ’Мајка Тереза‘ во Скопје“, соопшти МВР.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.

