Забава
Лекот против маларија помага да се забрза закрепнувањето на пациентите со коронавирус
Антималарискиот лек „хидроксихлорокин“ покажа ветувачки резултати во лекувањето на новиот коронавирус Ковид-19 помагајќи да се забрза закрепнувањето кај мал број пациенти со лесна форма на болеста, се вели во извештајот од студија објавен во „Њујорк тајмс“.
Во студијата објавена на интернет неделава кинеските истражувачи откриле дека на пациентите на кои им бил даден лекот побргу им поминале кашлицата, треската и пневмонијата отколку на пациентите што не го примиле лекот.
Исто така, според малата студија објавена на серверот medRxiv, која сè уште не поминала ревизија, веројатноста состојбата да стане сериозна кај пациентите третирани со „хидроксихлорокин“ била помала.
Сепак, студијата не вклучува податоци за тешко болни пациенти.
Авторите на студијата велат дека наодите се ветувачки, но дека се потребни повеќе истражувања за тоа како „хидроксихлорокин“ може да влијае во лекувањето на Ковид-19 и како најдобро да се користи.
„Студијата предизвика возбуда во лекарската заедница“, вели д-р Вилијам Шафнер, експерт за заразни болести од Универзитетот „Вандербилт“ за „Тајмс“.
Но, наодите нудат силна поддршка на претходни студии, кои сугерираат на улогата за лекот, додаде Шафнер.
„Мислам дека таа ќе ја зајакне тенденцијата кај многу лекари во целата земја кои не може да ги внесат своите пациенти во клинички испитувања, но веќе почнале со употреба на ‘хидроксихлорокин’“ , вели тој.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, го наметна „хидроксихлорокин“ како можен лек што треба да се користи за да се спречи Ковид-19 и нагласи дека тој и уште еден лек против маларија и автоимуни заболувања може многу да сменат.
Најновата студија, спроведена во болницата „Ренмин“ на Универзитетот „Вухан“, во градот од каде што потекнува вирусот, опфатла 62 пациенти со просечна возраст од 45 години и имала контролна група.
Истражувачите се погрижиле да не се вклучат пациенти со медицински проблеми кај кои може да се влоши состојбата ако примат „хидроксихлорокин“, и тоа кај проблеми со срцевиот ритам, некои очни заболувања и проблеми со црниот дроб или бубрезите.
Половина од испитуваните пациенти – контролната група – добиле само вообичаен третман за пациенти со коронавирус, а преостанатите добиле „хидроксихлорокин“ плус вообичаената нега, вклучувајќи кислород, антивирусни лекови и антибиотици.
Кашлицата и треската биле олеснети еден ден порано кај оние што го примале лекот – и пневмонијата се подобрила во 25 од 31 случаи во споредба со 17 од 31 случаи во контролната група.
Болеста влегла во сериозна фаза кај четири пациенти во контролната група.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

