Забава
Бен Афлек и Џенифер Гарнер ги подготвуваат децата за првата средба со новата девојка на Афлек
Бен Афлек соработува со поранешната сопруга Џенифер Гарнер за да ги подготват своите деца за запознавање со новата девојка на тато, Ана де Армас.
Се чини дека Бен и Ана се вљубени еден во друг и нивната врска станува сериозна, пренесуваат медиумите и додаваат дека неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер сака тој да биде трпелив и малку да почека пред да ја запознае со нивните три деца.


47-годишниот добитник на „Оскар“, кој со Гарнер има заедничко старателство врз трите малолетни деца – Вајолет (14), Серафина (11) и осумгодишниот Семјуел – покажува разбирање за нејзиното двоумење, пренесува „Ју-ес викли“.
И покрај тоа што почна стрмоглава романса со својата колешка од филмот „Длабока вода“ пред само неколку недели, ѕвездата на „Арго“ се согласи да соработува со Џенифер за да подготват терен за првата средба со ѕвездата на „Блејд ранер 2049“.
Славниот актер и прекрасната Кубанка минатиот месец отпатуваа на одмор на Костарика по што се појавија романтични слики од плажа. Бен и Ана наводно се зближиле во текот на снимањето на еротскиот трилер Deep Water („Длабока вода“), во кој глумат брачен пар.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Таа не излегува од дома без длабоко деколте: Софија Вергара повторно ги привлече сите погледи
Софија Вергара, која секогаш привлекува погледи со своите модни комбинации, и овој пат успеа да го воодушеви љубопитниот свет. Неодамна се појави на премиерата на документарецот за Парис Хилтон „Infinite Icon: A Visual Memoir“ во Лос Анџелес, а за таа пригода одлучи да облече секси креација.
По црвениот тепих прошета во тесна кожна облека која ја следи линијата на нејзиното тело и ги прегрнува нејзините облини. Бордо креацијата ја истакнува нејзината витка фигура, но и нејзините бујни гради. И токму во овој дел лежи целиот шарм на оваа облека – длабоко деколте кое ги истакнува нејзините најголеми атрибути.
Својот стајлинг го комплетираше со минималистичка шминка во природни тонови, а косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за меки бранови кои паѓаа по рамената.
Фотографиите ги сподели и на социјалните мрежи, а сите ѝ кажаа едно – дека е вистинска бомба.
Забава
(Видео) Мишел Обама помина низ пекол како прва дама на САД, сега има порака за сите млади жени
Мишел Обама, поранешна прва дама и сопруга на поранешниот американски претседател Барак Обама, неодамна се појави во подкастот на Алекс Купер „Call Her Daddy“. Таа зборуваше за своето минато и нејзината темна страна.
Мишел рече дека медиумите секогаш издвојувале неважни детали кога пишувале вести и наслови за нејзините јавни појавувања.
„Насловот би бил сè што носев – не моето образование, не мојата професионална кариера, туку мојот изглед“, рече таа. „Беше очигледно – луѓето немаа поим што правев пред да станам прва дама“, рече таа.
Потоа го потсети светот дека е адвокатка која дипломирала на Универзитетот Принстон, а исто така го завршила и Правниот факултет Харвард.
„Работев во професијата. Бев консултант во канцеларијата на градоначалникот на Чикаго. Водев непрофитна организација. И одеднаш моите чевли станаа најважното нешто за мене“, рече таа. „Треба да бидеме повнимателни за рамнотежата и пораките што ги испраќаме – и ги апсорбираме“.
Конечно, таа им се обрати на младите жени што сака да ги охрабри да преземат големи чекори. „Ни требате. И знајте дека – можеби нема да успеете секогаш, можеби и ќе паднете, но продолжете понатаму“, заклучи таа.
Забава
(Фото) Џенифер Лопез покажа како најдобро се комбинира црната боја
Модата е секогаш толку интересна само затоа што нуди безброј разиграни експерименти на кои никој не може да им одолее. Меѓу познатите убавици кои поставуваат трендови е и Џенифер Лопез, која повторно ја покажа целата моќ на црната боја, во комбинација со сива боја.
Џеј Ло веќе неколку пати „дели“ лекции за мода и секој пат остава без здив.
Кога станува збор за црната боја, нема грешка. Најбезбедниот терен кој нуди по нешто за секого, но ако можете да излезете од калапот и да покажете малку смелост, црната боја ќе ви понуди уште поголема моќ.
Џеј Ло направи нешто такво. Латино дивата објави интересно селфи во огледалото додека позираше во црна кратка јакна која го нагласува струкот и ја комбинираше со сиви панталони. На главата имаше и сива беретка, па сè изгледаше многу посвежо и помодерно од вообичаеното.
Иако се очекуваше дека овој модел на јакна ќе одговара добро со фармерки или барем црни панталони, Џеј.Ло направи храбар чекор напред и ѝ даде на својата облека сосема нов изглед.
Сивата боја изгледа толку елегантно, а сепак ненаметливо, па затоа е идеална за „разбивање“ на монотонијата.

