Македонија
МЗ: Земјава има 4.500 тестови за коронавирус, а резервите секојдневно се надополнуваат

Анализите покажуваат дека сме втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на еден милион жители, соопшти Министерството за здравство.
„Имаме доволно тестови за да ги задоволиме потребите на нашата земја. Ова е одличен резултат, не само за бројката на тестови, туку и за целокупниот пристап кон идентификување на пациентите, нивните резултати и кластерите на заболени“, велат од таму.
Министерството информира дека во моментов земјата располага со 4.500 тестови, а резервите секојдневно се надополнуваат.
„Ја очекуваме донацијата и од 20.000 китови за тестирање – кои се доволни за потребите според вкупниот број на население во земјава“, велат од МЗ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Левица обвини за повеќе нерегуларности

Политичкаата партија Левица на првата прес-конференција обвини за повеќе нарушувања на изборниот процес.
Беше соопштено дека изборниот молк не бил почитуван, штабовите биле отворени. Нивни набљудувачи не биле пуштани, и имало низа притисоци по СМС и во живо.
„Во изборната единица 3 во неколку општини, се направени анонимни повици кон наши активисти и кандидати на кои им не нудено одреден број гласачи од ромска етничка заедница да гласаат за одредена сума на пари. Претпоставуваме дека разговорите се снимени во обид да се компромитираат понатаму кандидатите“, беше истакнато. Случајот бил пријавен.
Македонија
Пецаков прогласи победа во прв круг: Ќе има повеќе од 10.000 разлика

Кирил Пецаков прогласи победа во прв круг и им заблагодари на охриѓани што му дале доверба за уште еден градоначалнички мандат. Вели дека досега ниту еден градоначалник не добил таква поддршка, а очекува голема разлика и за советничките листи.
„Голема благодарност до охриѓани за, јас би рекол, референдумската поддршка која што ја добив. Историски најголема поддршка што некогаш на кои било локални избори се случила. Бескрајно благодарам. Начинот, динамиката, идеите и проектите кои ги направивме во изминатите четири години сега ќе бидат на уште појако ниво. Ќе има повеќе од 10.000 разлика. Во моментов се пребројуваат и кандидатите на советничките листи. Соодносот е отприлика три спрема еден со СДСМ, како втора партија по бројот на гласови“, рече Пецаков.
Тој заедно со симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ веќе слави со гласна музика од штабот, а се слушаат и пукотници.
Македонија
Убедлива е победата во Чаир и Тетово, на ДУИ им ја честитам победата во Пласница, рече Меџити

На ДУИ и Ахмети кои се залагаа за легитимитет да им ја честитам победата во Пласница, рече во шега Изет Меџити, во другите општини убедливо води „Вреди“, додаде тој.
„Тука сме во Чаир да ја прогласиме убедливата победа уште во првиот круг, рече Меџити, кој се заблагодари на сите заслужни за таквиот исход, затоа што битката појасни тој, беше за легитимитет.
„Битката беше за легитимитет, тие посакуваа уште еднаш да си ги одмериме силите во Чаир и во Тетово, и во Чаир и во Тетово убедлива е победата на „Вреди“, и во други општини доаѓаат резултатите од Арачиново па се до другите албански општини дека „Вреди“ е легитимен и дека ние сме победници на овие избори, порача Меџити.