Соопштенија
(Видео) Битиќи: Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се несериозни и со далеку пониски износи
Владините мерки обезбедуваат поддршка од 200 милиони евра, предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се несериозни и со далеку пониски износи, изјави Фатмир Битиќи, претседател на Комисија за финансии на СДСМ.
„И додека повторно и во најголемата глобална криза од која не е поштедена и нашата држава, СДСМ предлага сет мерки кои опфаќаат поголем број на граѓани погодени од кризата, ВМРО-ДПМНЕ излезе со сет мерки кои се селективни и носат помалку пари во стопанството. Анализите покажуваат дека мерките што ги предлага ВМРО ДПМНЕ, освен што се несериозни и неодговорни, се мерки за поддршка на тие кои што се во категоријата на повисоко платени работни места и можеби под претпоставка дека нивната куповна моќ е поголема“, рече тој.
Битиќи кажа дека бројот на работни места кој што е таргетиран од страна на СДСМ е 250.000 вработени, а додека со моделите на ВМРО-ДПМНЕ таа поддршка е значително пониска.
„Моделот предложен од страна на ВМРО ДПМНЕ и категоризацијата на бизнисите според нивото на претрпени штети и добивање на подршка, очигледно е дека ги става во поповолна состојба сите подобро платени работни места, наспроти пониско платените работни места. Тоа почитувани граѓани значи помал опфат и помалку задржани работни места. Затоа што со помала поддршка, компаниите се склони полесно да се откажат од работниците“, рече тој.
Додека Владата спроведува сериозни мерки и чекори за справување со последиците од економската криза, додаде Битиќи, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски научени на земање, сакаат да им ги земат парите на граѓаните од вториот пензиски столб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Центарот на Тиквешијата расте во модерен град: поглед кон Кавадарци низ илјада ARTEVO-прозорци
Новиот повеќенаменски комплекс во Кавадарци, LittleAmerika ветува висок комфор во домовите со високо енергетско ефикасни решенија, и со извонредна топлинска изолација благодарение на прозорците изработени од најновите профили на РЕХАУ Македонија, ARTEVO.
Ликот на Кавадарци полека, но сигурно се менува. Не само од естетски аспект како модерен европски град, туку и според изборот да се вградат градежни решенија чиј фокус е одржлива иднина, и иднината на новите генерации. Новиот повеќенаменски комплекс на вкупна површина од 35.000 м2 во новиот центар на Кавадарци, LittleAmerika почна да заличува на ветениот грандиозен објект чиј главен приоритет е највисоко ниво на енергетска ефикасност. Комфорни домови и пријатни деловни простории со можности за заштеда на енергија до 70 отсто, извонредна топлинска и звучна изолација кои обезбедуваат услови за удобност, квалитетно минато време, и мир за станарите и за вработените.
Довербата да се обезбедат најдобрите решенија за прозорци и врати достапни на македонскиот пазар, инвеститорот на објектот ја додели на Рехау Македонија, водечкиот премиум бренд за полимерни решенија, кои ќе вградат профили од најновиот прозорски систем, ARTEVO.
Можностите на ARTEVO се неограничени, објаснува Сашко Даев директор на РЕХАУ Македонија, Косово и Албанија.
„Потрошувачите на македонскиот пазар препознаваат квалитет кој носи додадена вредност на инвестицијата. Едноставно на пазарот од секогаш сме имале понуда која исполнувала стандарди за квалитет и ја оправдувала инвестицијата. ARTEVO е најновиот прозорски систем на нашиот пазар, и веднаш стана препознатлив по карактеристиките кои овозможуваат енергетската ефикасност до совршеност, односно обезбедува извонредна топлинската и одлична звучна изолација. Со инвеститорот на LittleAmerika договоривме да се вградат профили за речиси 1.000 прозорци за комплексот кој е во изградба“, вели Сашко Даев директор на РЕХАУ Македонија, Косово и Албанија.
Современиот станбено – деловен комплекс LAShoppingandliving ќе се состои од три станбени објекти и еден деловно-трговски објект, а ќе биде центарот на новото урбано живеење во градот и во регионот, но визија на инвеститорот е да привлече и туристи во најпознатиот македонски вински регион.
Со овој систем за архитектите веќе нема невозможно, затоа што е лесно прилагодлив за исполнување на нивните идеи и замисли. Односно, системот ARTEVOго користи иновативниот материјал со високи перформанси RAU-FIPRO X – компoзитен материјал зајакнат со стаклени влакна кој во потполност ги редефинира границите на она што е изводливо во поглед на големините на прозорците. Материјалот овозможува висина на прозорските елементи до плафон, односно висина на крилото до 2,80m.
Новиот комплекс ќе ја подигне свеста за комфор на повисоко ниво поради квалитетот на материјалите и удобноста на живеење која ќе ја креираат во новите станови.
Севкупниот простор со објектите е дизајниран да ги задоволи највисоките естетски и архитектонски критериуми преку примена на модерен архитектонски израз и современи материјали. Зградите ќе имаат деловни простории на приземјетo, а на останатите седум ката и поткровјата предвидени се двособни, трособни, четирисобни станови и дуплекси. Секоја зграда е опремена со паркинг на две нивоа, зеленило и заеднички простори. Невообичаено ќе изгледа и кровниот дел, или како што популарно го нарекуваме “rooftop”-от на секој од објектите ќе биде уреден како заеднички простор за дружење со зелена градина, базен, сауна и теретана, обезбедувајќи приватност на станарите. Во комплексот се вградува и најсoфистицираниот систем за греење и ладење што ќе придонесе за заштеда на електрична енергија приближно до 70%.
Како треба да изгледа комплекстот LittleAmerika и што се е предвидено да има можете да најдете на нивната страница – https://littleamerica.mk/
Инвеститор: Тиквеш Инвест Дооeл, Кавадарци
Архитектонско биро: Студио К2 Архитекти Доо Скопје, архитект: Крсте Петров, диа
ПР објава
Соопштенија
Нова категорија во образованието: Колеџот NU за средношколци почнува со уписи на првата генерација млади дизајнери, програмери и инфлуенсери
Успешна академска и професионална кариера и заработка за успешно завршен проект уште во средношколските денови се главните карактеристики на NU College – Првиот колеџ за средношколци во Македонија (NU Колеџ). NU е единствениот колеџ на кој средношколците стануваат претприемачи, дизајнери, програмери и инфлуенсери.
NU Колеџот за средношколци започнува со работа оваа есен, а во тек се уписите на првата генерација за која слободни се само 150 места.
NU Колеџот е дел од едукативно-технолошкиот центар „Бреинстер“ (Brainster) кој го прошири своето портфолио и ја преточи својата експертиза кон средношколците креирајќи нови и револуционерни програми кои ќе го надополнат образованието стекнато во средно училиште со релевантни вештини и практично искуство.
Практичните програми на NU Колеџот за средношколци траат шест месеци и претставуваат воншколска активност која содржи две интерактивни работилници секоја недела. Фокусирани се на истражување и откривање на потенцијалот и интересите на средношколците, што е неопходно за тие да бидат сигурни во понатамошниот избор на студии и кариера. Преку уникатниот практичен пристап „креирај, па учи“, средношколците ќе навлезат во еден нов свет на работа на реални проекти за вистински компании и ќе научат како да заработуваат уште во средно.
Доколку ова до сега изгледа привлечно, еве конкретно како секој средношколец може да дојде до посакуваната кариера. Секоја програма е осмислена за да ги поврзе младите со модерните технологии и релевантните вештини за пазарот на труд, поконкретно:
Веб програмирање x AI: За да им овозможи да создаваат модерни и функционални веб-апликации, да развијат бизнис вештини и со нив да ги претворат идеите во профитабилни проекти.
Графички дизајн x AI: За да научат да создаваат визуелно привлечни и професионални дизајни, од логоа и постери до целосни бренд идентитети за реални брендови.
Инфлуенсер маркетинг x AI: За да станат инфлуенсери и дигитални креатори штом научат како да создаваат дигитални содржини за реални брендови и продукти и како да заработуваат од нив.
Тимот од искусни ментори, експерти во својата област, ќе ги надмине традиционалните наставни методи и ќе го направи учењето интерактивно и инспиративно. Методологијата на учење е заснована на вештачка интелигенција (AI) и гарантира релевантност на стекнатите вештини и знаења на подолг рок.
„NU Колеџот го создадовме за да го редефинираме искуството што средношколците го имаат од формалниот систем на образование. Имаме акумулирано знаење, искуство и уникатна методологија на учење и токму затоа чувствуваме должност да го пренесеме тоа на младите и со тоа да го промениме нивниот начин на размислување кога ќе се спомене образование“, вели Петар Ниновски, основач на образовниот центар Бреинстер, а сега и на NU колеџот за средношколци.
Стекнатото практично искуство не е единствената предност на NU Колеџот, додава Ниновски. Програмите кои средношколците ќе ги изучуваат се на ниво и со фонд на часови на практичен предмет во високо образование, изработени по рамката на ЕКТС акредитација. Тимот на NU моментално работи на остварување соработки со врвни универзитети од соседството и од Европа, односно на обезбедување конкурентска предност при упис таму на средношколците кои ќе завршат успешно некоја од NU програмите.
„Програмите се засновани на 80% практична работа на реални проекти. Практичното искуство ќе развие претприемачки начин на размислување и ќе ги подготви средношколците за претстојниот академски и кариерен пат. Ние веруваме во учење преку работа и дека нашите средношколци можат многу повеќе и затоа на NU ќе научат да заработуваат преку својот труд, знаење, идеи и проекти“, појаснува Ниновски.
Програмите се достапни за учење од училница или online.
Сите заинтересирани средношколци можат да дознаат детали и да се пријават на листата на чекање преку официјалната веб-страница на NU колеџот nucollege.ai.
(ПР)
Соопштенија
Македонски иноватори со помош на ВИ креираат 3Д-модели на вистински органи на пациенти
„Зарем кај нас се прави вакво нешто?“, ова е реакцијата на студентите по медицина кога ќе видат 3Д испечатен модел на вистински орган од пациенти.
Доктор Стефан Арсенков заедно со тимот увиделе дека постои потреба од 3Д модели на органите на пациентите, кои на докторите им помагаат попрецизно да ги спроведат операциите. Така настанува македонскиот старт-ап кој соработувал со 10тина доктори со цел да се подобри планирањето на операцијата.
Јована и др. Арсенков во најновата епизода на „Што го врти светот“ зборуваат за Вештачката интелигенција во медицината и иновациите кои ќе имаат моќ да спасат човечки живот и да го скратат времето за спроведување на речиси сите медицински процеси. Арсенков зборува за важноста докторите да имаат вистински модели на органите на пациентите. Според него, не е исто да имате во рака модел направен врз база на совршено здрав човек и вистинскиот орган на пациентот кој има потреба од операција. Користењето на Вештачка интелигенција пак, сериозно го подобрува добивањето на моделот од снимка направена на пациентот.
– Често ме прашуваат која е мојата најдолга операција? Според мене ние треба да целиме кон тоа да имаме пократки операции, поефикасни. Зошто долга операција значи дека имало некаков проблем, компликација или пак хирургот не бил доволно подготвен за тоа што го чека. – вели др. Стефан Арсенков.
Тој додава дека токму тоа го имаат на ум со тимот, да создадат можност за предвидливост на операциите и најдобра подготовка на хирурзите.
Повеќе за новите технологии во здравството може да слушнете во најновата епизода на „Што го врти светот?“.
И оваа сезона е создадена од Здружението ЗМАИ со маркетинг и продукциска поддршка од АдВалју. Оваа епизода е во соработка со МАСИТ, „Што го врти светот“ е медиумски поддржувач на 19тата конференција на Комората, посветена на Вештачката интелигенција со фокус на ВИ во медицината и влијанието на ВИ врз работните позиции.
ПР