Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ситуацијата излегува од контрола, СДСМ да ја прифати подадената рака

Ситуацијата излегува од контрола, а СДСМ треба да ја прифати подадената рака на ВМРО-ДПМНЕ, велат од опозициската партија преку соопштение.
„Бројот на заболени и починати рапидно расне, а танчерите Заев , Филипче и Спасовски не можат да го менаџираат и организираат системот кој сè потешко одговара на потребите на граѓаните. Македонија е пред финансиски колапс, а Заев и Спасовски наместо да ги наградат медицинските лица кои херојски се борат и покрај неопременоста, одлучуваат да си ги наградат послушниците кои помагаа, беа сведоци и премолчуваа за рекет-системот на СЈО водено од Катица Јанева.
ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена поднесе уредба со законска сила со која ќе се овозможи компаниите да добијат помош од државата во висина од 50 проценти на бруто-трошоците за плата по вработен, односно најмногу до 27 илјади по вработен или последноисплатената просечна нето-месечна плата за декември месец 2019 година. Оваа помош не да важи само за месеците април и мај и да биде исплатена во месеците мај и јуни, туку да важи за месеците март, април и мај.
Но уредбата од страна на Оливер Спасовски и Владата не беше ставена на дневен ред за разгледување.
ВМРО-ДПМНЕ бара под итно предложените мерки Владата да ги реализира за доброто на граѓаните и на Република Македонија. Првата мерка е средствата коишто работодавачите ги уплаќаат за вработените во вториот задолжителен пензиски фонд, започнувајќи од први април, да ги уплаќаат во првиот задолжителен државен пензиски фонд. На тој начин да обезбедат сигурна и надежна исплата на пензиите и да обезбедат ликвидноста на првиот задолжителен државен пензиски фонд. Потоа во некои подобри времиња истите тие средства да ги вратат во вториот задолжителен приватен пензиски фонд, се разбира зголемени со стапката на принос којашто е еднаква на каматата на загубените парични средства.
Втората мерка е многу значајна реформа, благајничките записи коишто се стерилизирани во Народната банка да бидат пренесени и државата да ги запише во хартии во вредност или државни записи. На тој начин ќе се овозможи директна инјекција од максимум 25 милијарди денари за македонското стопанство.
Трета мерка е интензивирање на капиталните инвестиции. Робусно реализирање на капиталните инвестиции, масовно реализирање на капиталните инвестиции. Четврта мерка е да се отвори дискусија и дебата со претходните заемодаватели и комерцијални банки коишто веќе имаат некаков аранжман со нашата држава и Министерството за финансии, да направат репрограма наместо тоа што треба оваа година да го вратиме, да го вратиме следната година или годината потоа.
Нашите граѓани мора да се чувствуваат сигурни и да знаат дека државата има капацитети да се справи со оваа состојба“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Македонија 18 пожари на отворено

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 20/21.08 на територијата на Македонија имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари, а под контрола и изгаснати се 15 пожари, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Јасен (мешана шума), во Општина Маврово и Ростуше восело Церово и во Општина Прилеп во село Беловодица.
Под контрола и изгаснати се 15 пожари, и тоа:
1. Општина Гази Баба: ул. Перо Наков б.б (ѓубриште);
2. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ѓубриште);
3. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ниска вегетација и ѓубре);
4. Општина Струга: с. Драслајца (ѓубриште);
5. Општина Тетово: с. Сараќино (ниска вегетација);
6. Општина Желино: с. Стрмница (ниска вегетација);
7. Општина Чишиново-Облешево: с. Облешево (ниска вегетација);
8. Општина Неготино: с. Криволак, во близина на мостот пред касарна (ниска вегетација и напуштена нива со овоштарник);
9. Општина Тетово: на патот Тетово – с. Брвеница (ниска вегетација);
10. Општина Гостивар: с. Чегране (ниска вегетација);
11. Општина Гостивар: с. Дебреше (ниска вегетација);
12. Општина Крушево: с. Светомитрани (ниска вегетација);
13. Општина Радовиш: с. Раклиш (ниска вегетација);
14. Општина Студеничани: с. Драчевица (сува трева и грмушки);
15. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
Македонија
Гужва на границите, на Табановце и Богородица се чека по 20-тина минути

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП „Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информира АМСМ.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, пак, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.