Економија
Шефот на британскиот телеком ја донира својата плата за здравствените работници

Шефот на најголемата телекомуникациска компанија БТ рече дека ќе ја донира својата платa за здравствените работници најмалку во наредните шест месеци и дека ќе ги зголеми платите на своите работници кои го одржуваат широкопојасниот интернет во време на изолација поради пандемијата на коронавирусот.
Филип Јансен, еден од најбогатите британски директори, исто така рече дека компанијата нема да отпушти работници поради здравствената криза и ќе ги задржи истите плати најмалку три месеци.
„Ова е ситуација без преседан и сакам да им дадам сигурност на нашите луѓе во наредните месеци“, рече Јансен.
„Се наоѓаме во период кој од сите нас бара да се жртвуваме и сакам нашите луѓе да знаат дека сите заедно сме во ова“.
Јансен, кој беше позитивен на Ковид-19 на почетокот на март, заработува околу 100.000 фунти (околу 114.000 евра) месечно.
Неговото претходно ветување дека ќе ги награди работниците со акции вредни 500 милиони фунти исто така ќе биде исполнето.
Работниците, кои сега се во првите редови бидејќи работат на одржување на мрежата, од 1 јули ќе добијат годишно зголемување на платите од 1,5 процент, а менаџерите нема да добијат покачување за 2020/2021 година.
БТ, компанија основана во 1846 година, има вработено повеќе од 100.000 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија, сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија, додавајќи дека Вашингтон мора да покаже „искреност“ во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините, за кои вели дека не можат да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусираше својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следат наскоро“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следат наскоро“, рече тој, додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои „многу голема шанса“ неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откако кинескиот претседател Си Џинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за прилагодување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Значителен раст во енергетскиот сектор во март 2025 година

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека, според најновите податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „Енергија“ во март 2025 година бележи значителен раст од 13.8% во однос на истиот месец претходната година.
„Особено позитивен е растот од 12.9% во групата „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, што претставува силен показател за стабилноста и динамиката во енергетскиот сектор. Со усвојувањето на новиот Закон за енергетика, се очекува ваквиот позитивен тренд да продолжи и во наредниот период, преку интензивирање на инвестициите во обновливи извори на енергија, модернизација на мрежата и развој на батериски системи за складирање на електрична енергија. Законот предвидува јасни механизми за поддршка на енергетски проекти, што ќе придонесе за одржлив раст и долгорочна енергетска сигурност“, велат од Министерството.
Од таму најавија дека во периодот што следува, приоритет ќе биде реализацијата на проекти кои значат поголема енергетска независност и стабилност на системот. Новата законска рамка ќе овозможи поинтензивна интеграција на обновливите извори, поефикасно управување со мрежата и поголема заштита на правата на потрошувачите.
Економија
Митева: Владина делегација учествуваше на националниот ден на светската изложба ЕКСПО 2025 во Јапонија

Владината делегација предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински, министерот за култура и туризам Зоран Љутков и генералниот секретар на Владата Игор Јанушев денес учествуваше на националниот ден на светската изложба ЕКСПО 2025 во Јапонија.
„Силен впечаток остави точката и настапот на националниот ансамбл Танец кои го отворија денешниот ден. Македонскиот павилјон изобилува со традиционални изложби, но најсилно и најголеми внимание зазема токму онаа на јапонскиот архитект Кензо Танге кој го има проектирано Скопје после земјотресот во 1963 година“, изјави портпаролката, Марија Митева.
Како Влада остануваме посветени на афирмација на Македонија, а присуството на ЕКСПО 2025 година е уште еден доказ за тоа, додаде Митева.