Македонија
(Видео) Костовски: Започнуваме иницијатива за поддршка на домашните компании

„Пандемијата го промени светот, ги смени односите меѓу луѓето, воведе нови правила во комуникацијата. И не само во директната комуникација, го смени начинот на поздравување, држење дистанца едни од други, од блиски, од роднини, внуци од баби и дедовци. Тоа ќе помине, но проблемите ќе останат. Сега најмалку треба да сме себични. Овој вирус со себе ги покосува и здравствениот, но и безбедносниот и економскиот живот“, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, оваа борба сега од нас бара сплотеност, за да го зачуваме нашето здравје и здравјето на нашите блиски. Но бара и сплотеност, да ја зачуваме економијата. Државите во светот се затворија сами кон себе, штитејќи ја економијата. Тоа сега се очекува и од нас. Да ја заштитиме нашата, македонска економија.
„Сега е потребна сечија идеја како да си помогнеме сами на себе. Да дадеме сè од себе за да ги заштитиме нашите херои, докторите, медицинските лица, полицајците, безбедносниот сектор, бизнисот, работниците, нашето, вашето, но и работното место на сограѓаните.Како партија и како одговорна опозиција поттикнуваме акции за поддршка на здравствените препораки. Започнуваме иницијатива за поддршка на домашните компании. Сега ја бараме и вашата мудрост.
Приклучете се на иницијативата „Вашите проблеми заеднички до решенија: Затоа што ја сакам Македонија“, кажете ни ги вашите размисли, споделете ги проблемите, видувањата и идеите како да излеземе посилни од општата криза. Испратете ни ги вашите согледувања на електронската пошта [email protected]. Сите пристигнати писма внимателно ќе ги разгледаме и од нив креираме политики и решенија кои се добредојдени во овие моменти. Бидете мудри, следете ги препораките, помогнете ја македонската економија, дајте ни предлози. Сега е време на заедничка мудрост и одговорност. Затоа што ја сакаме Македонија“, вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски го суспендирал, а Чадиева го вратила на работа командирот кој пукаше со калашников, ВМРО-ДПМНЕ го објави решението по прозивките на СДСМ

Командирот од Ропотово кој пукаше со калашников од балкон и беше суспендиран, повторно е на работа. СДСМ денес го критикуваше министерот Панче Тошковски, прашувајќи зошто го дозволил неговото повторно именување. Но ВМРО-ДПМНЕ попладнево излезе со тврдење дека бил вратен на работа од кадар на Социјалдемократите, приложувајќи го решението на второстепената комисија во таа насока.
„Командирот на полициската станица во Ропотово кој пукаше со калшников и беше суспендиран и со кривична пријава, Тошковски го врати повторно да биде командир во Ропотово. Прашањето е зошто? Денеска го гледаме командирот што пукаше како гордо позира токму со неговиот пулен, Панче Тошковски.“, пишува во фејсбук објавата на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ подоцна излезе со тврдење дека Панче Тошковски го суспендирал командирот од Ропотово, но Даница Чадиева од СДСМ претседател на Второстепена комисија, бивш претседател на СДС Велес го вратила на работа. Се додава и дека МВР постапува по решението на Второстепена комисија која ја води Чадиева. Партијата во прилог го испрати решението.
Македонија
Кривична за поранешни директори на Пошта поради незаконски набавки и штета од 32.500 евра

Полицијата поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. – поранешни генерални директори на АД Пошта, поради сомнение за несовесно работење во службата.
Според информациите од истрагата, тие во текот на 2023 година не извршиле соодветен надзор врз работата на подредените раководители на подружници, со што овозможиле да се реализираат набавки спротивно на законската постапка.
На овој начин, биле направени набавки во вредност од 56.546 евра, со што е надминат дозволениот праг, а на буџетот на компанијата му била нанесена директна штета од над 32.000 евра.
Македонија
Лажни налози и злоупотреба на печат – пријавен раководител од Шуто Оризари за измама од 3,6 милиони денари

Полицијата расчисти случај во врска со измама во службата, при што поднесе кривична пријава против Д.А. (51) вработен како раководител на сектор во општината Шуто Оризари, поради сума од 3.600.000 денари, односно над 58.000 евра.
„Имено, според сознанија од истрагата, осомничениот при крајот на 2023 година како раководител на сектор во општина Шуто Оризари со цел да прибави противправна имотна корист – од буџетската сметка на општината, по основ на одржување на училишни објекти, во пет наврати изготвил лажни налози за исплата на парични средства злоупотребувајќи печат на општината како и скратен потпис на актуелен градоначалник на истата“, велат од МВР.
Притоа откако ги пуштил паричните средства од тресорска сметка парите биле префрлени по основ на три налози кон правно лице од Скопје, а дополнително осомничениот формирал уште едно правно лице во кое тој бил сопственик каде што исто така пуштил уште два парични налози. На тој начин осомничениот Д.А. го оштетил буџетот на општина Шуто Оризари за 3.600.000 денари.