Свет
Животот на Асанж во сериозна опасност, во „Белмарш“ е потврден првиот случај со Ковид-19

Условите во затворот во Белмарш, во кој е сместен Џулијан Асанж, може да се полоши отколку што Лондон е подготвен да признае, изјави главниот уредник на „Викиликс“, Кристин Харфнсон, за РТ, додавајќи дека Ковид-19 би можел брзо да се рашири низ објектот.
Затворското опкружување е како лабораториски сад за вируси, објасни Харфнсон, особено толку заразен како што е Ковид-19, кој веќе погоди повеќе од 1 милион луѓе низ целиот свет.
Максималнио обезбедуваниот затвор „Белмарш“ штотуку го првијави првиот смртен случај од оваа болест. Според Харфнсон, има и други загрижувачки знаци.
„Имаме затворски чувари кои влегуваат и излегуваат. Барем една третина од нив не се појавуваат на работа ниту затоа што го имаат вирусот или се во изолација“, вели тој.
Харфнсон рече дека е сигурен оти бројот на затвореници кои се заразиле со Ковид-19 во „Белмарш“ е несомнено поголем од пријавениот, бидејќи затворските власти едноставно не спровеле доволно тестови за да знаат што точно се случува.
Ситуацијата е особено алармантна за Асанж, кој е во прилично лоша здравствена состојба уште пред појавата на смртоносна болест. Тој има проблеми со белите дробови и би се сметал за изложен на голем ризик дури и ако живее нормално во општеството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Албанија активни се 14 пожари, горат големи површини

Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу потврди дека во земјата 14 пожари се уште се активни и зафаќаат големи површини.
Во објава на социјалните мрежи, наведува дека во гаснењето на неколкуте големи пожар на југот на земјата, освен противпожарни единици, армиски, полициски сили и доброволци, вклучени се и хрватски и шведски авион „Канадер“.
Венгу додава дека се очекува пристигнување на два хеликоптери од воздухопловните сили на Обединетите Арапски Емирати, уште еден „Канадер“ од Грција и два хеликоптери од европскиот механизам од Чешка и Словачка.
Свет
Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа, предупредува Советот за безбедност на ОН

Спроведувањето на израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа на истоимената палестинска територија, каде што Израел војува речиси две години, се заканува да предизвика нова катастрофа што би се почувствувала во целиот регион, предупреди денеска високиот функционер на ОН Мирослав Јенча.
Јенча, заменик-генерален секретар на ОН за Европа, Централна Азија и Америка, на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН во врска со овој план изјави дека во Појасот Газа се одвива хуманитарна катастрофа од големи размери.
Тој рече дека преземањето контрола врз градот Газа може да предизвика нова катастрофа во целиот Појас, предизвикувајќи понатамошно присилно внатрешно раселување и убивање цивили.
Израелскиот план беше остро осуден од претставникот на Словенија во Советот за безбедност и поранешниот министер за надворешни работи, Самуел Жбогар.
Во говорот во име на Данска, Грција, Франција и Словенија, тој рече дека секој обид за анексија, проширување на воените операции и кршење на меѓународното право дополнително ќе ги изложи на опасност сите цивили во Газа, вклучувајќи ги и преостанатите Израелци, заложници на милитантното исламистичко движење Хамас.
Свет
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени е регистриран денеска во западна Турција во регионот Баликесир, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Турција (АФАД).
Земјотресот е почувствуван и во Истанбул и низ целиот регион на Мармара и Егејот.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри, на 52 километри од градот Баликесир.