Македонија
Министрите од Западен Балкан бараат изземање од извозните рестрикции за одредени медицински продукти
На иницијатива на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, министрите за надворешни работи на земјите од Западниот Балкан денес испратија писмо до Европската комисија со барање за изземање на земјите од Западен Балкан од Регулативата на ЕУ со која одредени медицински продукти за лична заштита беа ставени под режим на извозни рестрикции, односно специјални извозни дозволи.
„Коронавирусот се прошири во сите делови на Европскиот континент и за да се победи оваа заедничка закана потребна е солидарност и заемна соработка. Со оглед дека секаде први на фронтот со коронавирусот се здравствените работници сите заедно мораме да осигураме дека тие ќе ја имаат во секое време и во доволни количини медицинската опрема за лична заштита. Затоа ние, партнерите од регионот, се обединивме и итно и предлагаме на Европската комисија во предлогот за ревизија на регулативата која е во тек да предвиди изземање од потребата за специјални извозни дозволи за нашиот регион“, се наведува во писмото.
Регионот на Западен Балкан, додаваат министрите, е дел од Европа, опкружен со земји членки на ЕУ и изземањето ќе испрати силен сигнал дека сите ние како Европејци работиме заедно за да успешно се соочиме и да го надминеме овој огромен предизвик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

