Забава
Шегата на Елен Деџенерис дека карантинот е како затвор предизвика жестоки реакции

Елен Деџенерис, една од најпопуларните американски ТВ-личности, се соочи со остри критики во средата кога нејзината самоизолација во куќа вредна милиони долари ја спореди со затвор.
Деџенерис, чие телевизиско ток-шоу беше во прекин цели три седмици поради препораката за седење дома, се врати во програма во средата, но овој пат шоуто го снимаше нејзината сопруга, актерката Порша де Роси, во еден од нивните домови во Калифорнија.
„Едно нешто што научив откако сум во карантин е дека ова е како да сте во затвор“, извика Деџенерис, кој беше снимена на фотелја гледајќи надвор кон огромни тревници и планини во далечина.
„Најмногу затоа што носам иста облека 10 дена и сите тука се геј“, рече таа смеејќи се на сопствената шега.
И покрај тоа што Елен ги пофали здравствените работници и другите од првите редови што се борат со пандемијата на коронавирусот, „затворската“ шега не помина добро.
„Имам вистински пријатели и сакани, кои во моментот се наоѓаат во затвор. Тие се затворени во грозни услови и се преплашени што ќе им се случи. Вашата шега за карантинот дома воопшто не е смешна и е навредлива“, напиша на „Твитер“ една од активистките за социјална правда (Diana # FreeThemAll4PublicHealth).
Повеќе од 280 затвореници и 400 вработени во затворите во Њујорк се заразени со коронавирус, а најмалку седум лица починале, според официјални податоци на локалната власт. Во Чикаго околу 230 затвореници во затворите во округот Кук се покажале како позитивни на вирусот, заедно со 92 вработени, пренесуваат медиумите.
„Елен-шоу, затворениците се заробени во 24-часовен карантин во ќелии, кои веројатно се со големина на еден од вашите тушеви, а други спијат на помалку од еден метар растојание од болни затвореници. И умираат. Вие не доживувате ништо слично на затвор“, Калеб Гросман напиша на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Патувачките баби“: Две 80 годишни пријателки го обиколија светот за 80 дена со буџет од 29 долари по ноќ

Кога пријателството ќе се роди од болка, понекогаш прераснува во најголема животна авантура. Таква е приказната на 84-годишните Елеанор Хамби и Сандра Хејзелип од Тексас, кои заедно ги освоија сите седум континенти за само 80 дена – со буџет од едвај 29 долари по ноќевање.
Елеанор и Сандра се запознале пред дваесетина години на медицинска мисија. Двете останале вдовици по трагични околности и токму тоа искуство ги зближило. Од тогаш, нивната врска станала нерскинлива – топлата и смирена Сандра и храброто, авантуристичко срце на Елеанор сфатиле дека ја делат истата страст: да го гледаат светот со радост и љубопитност.
@aroundtheworldat80 At age 80, I planned a once in a lifetime trip with my best friend. #aroundtheworld #friendship #bestfriends #aroundtheworldin80days #adventure #over60 #onceinalifetime @Penguin Random House @Penguin Books ♬ Breakaway – Kelly Clarkson
Тие патуваат по правило – никогаш прва класа.
„Во прва класа зборуваш само со туристи. Во втора класа ги запознаваш вистинските луѓе,“ вели Елеанор. Така престојувале во мали пансони и семејни куќи, често за цена пониска од 20 долари. Во Каиро, за 13 долари спиеле во скромна куќа со поглед на пирамидите.
„Феноменално,“ се сеќаваат – за таа цена ја гледале и светлосната претстава од покривот.
Нивното патување започнало на Антарктикот, а потоа како во романот на Жил Верн „Околу светот за 80 дена“, со авантуристички дух цртале патека преку светот. Патувањето станало вирален хит – луѓето ги нарекоа „патувачките баби“.
Денес, иако веќе не планираат повторно да го обиколат светот во трка со времето, Елеанор и Сандра продолжуваат да патуваат, само со помирно темпо. На 16 септември ќе ја издадат својата книга „Еве не тргнуваме: лекции за бестрашен живот од две патувачки баби“ (Here We Go: Lessons for Living Fearlessly from Two Traveling Nanas), во која ќе ги споделат животните лекции што ги научиле по пат.
„Мислевме дека ова е авантура само за нас, но луѓето од целиот свет ни дадоа љубов и поддршка,“ вели Сандра.
Нивниот совет е едноставен: „Светот е голем и прекрасен. Луѓето ве чекаат – само треба да им ги отворите срцата.“
Забава
Крај на ретроградниот Меркур: Овие четири знаци во септември ќе блеснат

По неколкунеделна конфузија, недоразбирања и застои, ретроградниот Меркур конечно заврши. Според астролозите, ова ќе донесе олеснување за сите, но за четири хороскопски знаци септември ќе биде вистински процут
Девица – повторно ја враќа својата стабилност и јасност. Време е за ред, здрави рутини и завршување на заостанати проекти.
Близнаци – исчезнуваат недоразбирањата, а се враќа менталната енергија. Одличен период за комуникација, нови контакти и креативни проекти.
Јарец – со директниот Меркур доаѓа јасен фокус и нова одлучност. Идеите лесно ќе се претворат во конкретни чекори, особено во работа и финансии.
Стрелец – повторно добива енергија за планови, патувања и нови искуства. Времето на застој завршува, а пред нив се отвораат нови можности.
Астролозите велат дека ова е совршен момент за носење важни одлуки, обновување на односите и реализација на замисленото. „Маглата се крева и се отвораат врати за напредок и исполнување“, вели експертот за астрологија Џоан Џонс.
Забава
Преполн Паркот на Франкофонија синоќа за концертот „Нешто што ќе остане“

Илјадници граѓани, синоќа го исполнија Паркот на Франкофонија и заедно уживаа во големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, кој по трет пат собра врвни македонски изведувачи и создаде незаборавна атмосфера. Пет часовна ноќ за паметење со најпознатите македонски хитови на Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона”, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ.
Градоначалникот Горан Герасимовски, во своето обраќање пред присутните, истакна дека кога пред три години ја добил идејата за концертот „Нешто што ќе остане“, не можел да замисли дека ќе прерасне во толку голема традиција со ваков одѕив и поддршка, и од изведувачите и од граѓаните.
„Но ете, идејата прерасна во прекрасна традиција. Трета година по ред се собираме овде, во срцето на Скопје, под отворено небо, на концертот ‘Нешто што ќе остане’. Секоја година со нови изведувачи и нова енергија, но едно останува исто – македонската музика. Овде Македонија пее и ние со неа, на бината и во публиката! Македонските уметници секогаш ја имале и ќе ја имаат мојата поддршка. Тие ја претставуваат Македонија гласно, гордо и со љубов. Уживајте во музиката на нашата и вашата младост, затоа што овие моменти остануваат трајно врежани во сеќавањата. Се гледаме и следната година на ‘Нешто што ќе остане’, затоа што Македонија има свој глас, своја песна, затоа што македонската песна е силата што нè обединува“, рече Герасимовски.
Музичкиот настан „Нешто што ќе остане“ е во организација на Општина Центар.