Македонија
Пожарникарите апелираат внимателно да се рaкува со уреди кои се потенцијални причинители на пожарите
Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија (НСПМ) ги повикува граѓаните, во услови на рестриктивна слобода на движење, во услови на борба со пандемијата и ангажираност во таа борба на интервентните човечки ресурси со кои располага државата, со особена одговорност да се однесуваат кон можноста за предизвикување пожар.
„Ваквата претпазливост и овој јавен повик го упатуваме од следните причини: со покачување на температурите на воздухот се зголемува можноста за предизвикување и брзо ширење на пожарите, со ограничување на движењето на самите вас, граѓаните, кои сте нашиот најголем соработник и помагач во борбата против пожарите, се намалува можноста од вашата асистенција во заедничката борба со огнените стихии, но особенo со можноста правовремено да ни дојавите за пожарите што заедно со нашата брза интервенција се клучниот фактор за нивното сузбивање, со ограничување на движењето, зголемен е бројот на лица кои престојуваат во своите домови, а со тоа и можноста за загрозување на животите на поголем број граѓани одеднаш, што значи и помала можност за нас да го постигнеме ефектот што го посакуваме“, велат од НСПМ.
Од таму апелираат до граѓаните да се воздржат од палење на губриштата, контејнерите, отпадот, стрништата и со нагласена внимателност да рaкувате со сите средства и уреди кои се потенцијални причинители на пожарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

