Македонија
Прекршочна постапка против обвинителите на СЈО поради надоместоците

Согласно Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси на ДКСК, предмет на проверка се анкетните листови на поранешните обвинители на СЈО.
Како што се наведува во соопштението, во постапката за утврдување на фактичката состојба Државната комисија за спречување на корупцијата прибавила податоци од Министерството за финансии од кои констатирала дека поранешните обвинители од СЈО континуирано примале дополнителни приходи (надоместоци) и за тоа, по надминување на вредност од 20 просечни плати, не пријавувале промена на имотната состојба со што постапиле спротивно со член 85 од ЗСКСИ.
Тргнувајќи од наведеното, ДКСК заклучи да поведе прекршочна постапка за Катица Јанева, Фатиме Фетаи,Елизабета Јосифоска,Лиле Стефанова, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Стевчо Донев, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Љубомир Лапе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Граната извадена од езерото кај Пештани

Граната била извадена пред два дена од водите на Охридското Езеро, на плажа во Пештани.
Полицијата од Охрид утроово соопшти дека локацијата била обезбедена, по што гранатата безбедно е подигната за понатамошна постапка.
Македонија
Повеќе улици во Скопје утрово без струја

ЕВН Македонија известува дека утрово без електрична енергија се неколку делови од Скопје.
· во периодот од 05.00 до 13.00 часот, објектите на Сковин, живинарска фарма, Гама Градба, Беровиќ Бетон и Грин Екофарм во Маркова Сушица. ( општина Студеничани )
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Козара бр. 68, Киро Гавриловски бр. 3 и бр. 5, објектот на ОУ Киро Глигоров како и објектите околу него. ( општина Центар )
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. 519 и Миодраг Илиќ во населба Керамидница. ( општина Гази Баба )
· во периодот од 08.15 до 13.00 часот, корисниците од ул. Франце Прешерн – непарни броеви, Иван Цанкар – парни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Момин Поток. ( општина Карпош )
Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.