Македонија
Владата објави сметка за донации за помош при справување со коронавирусот
Владата објави сметка за донации за помош и поддршка за справување со економско-здравствената криза предизвикана од коронавирусот Ковид-19.
Целта на донацијата, како што велат од Владата, во вид на парични средства, кои ќе се користат за помош, е поддршка за активностите за спроведување на мерките за справување со кризата од коронавирусот во земјата.
Уплатата на средствата (во денари) за донација се врши на образец ПП 50 и се пополнува на следниов начин:
Назив на примач: Трезорска сметка, Влада на Република Северна Македонија
Банка на примач: НБРСМ
Трансакциска сметка: 100 000000063095
Сметка на корисник: 0400100078785С9
Приходнa шифра: 744111 (за правни лица)
Приходнa шифра: 744211 (за физички лица)
Програма: Р1
Во цел на дознака: Финансиска помош – Ковид-19
Донаторите што ќе одлучат да донираат финансиски средства стекнуваат право на даночно олеснување за кое е потребно да достават извештај за дадена донација/спонзорство (образец УЈП-ИДС/ДВ) во Управата за јавни приходи.
За финансиски донации во американски долари уплатата се врши на следниот начин:
Correspondent bank details:
CITIBANK NA NEW YORK
Address: 111 WALL STREET NEW YORK
NY 10043
SWIFT BIC: CITI US 33
Bank details:
NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEODNIA
Adress: Bl. „Kuzman Josifovski Pitu” br.1
1000 Skopje
Republic of North Macedonia
SWIFT: NBRM MK 2X
Final beneficiary:
IBAN:MK07 1007 0100 0000 849
Name: Vlada na Republika Severna Makedonija
Generalen sekretarijat
Detail of payment (:70)
За уплатата на донациите во евра се применува следната постапка:
Correspondent bank details:
DEUTSCHE BUNDESBANK ZENTRALE
Address: Wilhelm Epstein strasse 14
Frankfurt am Main
GERMANY
SWIFT BIC: MARK DE FF
Bank details:
NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEODNIA
Adress: Bl. „Kuzman Josifovski Pitu” br.1
1000 Skopje
Republic of North Macedonia
SWIFT: NBRM MK 2X
Final beneficiary:
IBAN: MK07 1007 0100 0000 849
Name: Vlada na Republika Severna Makedonija
Generalen sekretarijat
Detail of payment (:70)
За донации во швајцарски франци треба да се примени следната постапка:
Correspondent bank details
ZUERCHER KANTONALBANK
Address: 9 Bahnhofstrasse Zurich
SWITZERLAND
SWIFT BIC: ZKBKCHZZ80A
Bank details:
NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEODNIA
Adress: Bl. „Kuzman Josifovski Pitu” br.1
1000 Skopje
Republic of North Macedonia
SWIFT: NBRM MK 2X
Final beneficiary:
IBAN:MK07 1007 0100 0000 849
Name: Vlada na Republika Severna Makedonija
Generalen sekretarijat
Detail of payment (:70)
Договорот за доделување средства по основа на донација во име на Владата го потпишува генералниот секретар и според одредбите од договорот, примателот на донацијата се обврзува сите добра од овој договор да ги стави во остварување на мерките за справување со коронавирусот во земјата. За таа цел, примателот на донацијата со овој договор изјавува дека со денот на потпишување на овој договор се смета дека ги има примено средствата и има обврска да го извести давателот на донацијата најбргу што може доколку се утврдат значителни отстапувања во суштината или во текот на активностите на донацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.
Македонија
Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане, бараат од СДСМ
„Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада“, велат од СДСМ.
„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем.
Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.
Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.
Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане“, соопшти СДСМ.

