Македонија
За три дена, забранети за употреба 40 кафемати во Скопје, Охрид и во Гостивар

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, денеска на редовна прес-конференција во Владата ги презентира наодите од спроведените инспекциски надзори во периодот од 6 до 8 април годинава.
Таа истакна дека за период од овие три дена, од страна на шест инспекторати се направени вкупно 1.346 надзори за почитување на мерките и препораките на Владата за заштита од ширење на коронавирусот.
„Од вкупно 547 контроли спроведени од Државниот пазарен инспекторат, дел се однесува на работењето на угостителските објекти, а преостанатиот на контроли на замрзнатите цени на одредени производи. Притоа затворени се вкупно 4 угостителски објекти во Битола, Гостивар и во Тетово, а од визуелната обиколка во повеќе градови констатирано е дека угостителите ги почитуваат забраните за работа. Државниот пазарен инспекторат изминатите три дена интензивно ги контролира и кафематите на бензинските пумпи и на други локации во градовите и притоа во периодот од 6 до 8 април забранети за употреба се 40 кафемати во Скопје, Охрид и во Гостивар“, рече Филиповска-Грашкоска.
Претседателката на Инспекцискиот совет истакна дека Државниот пазарен инспекторат ги контролира и замрзнатите цени на одредени производи.
„Во периодот од овие три дена направени се повеќе контроли на трговци во малопродажба и големопродажба, при што кај дел од нив е констатирано зголемување на цените по што им е наложено да ги вратат старите цени од 11 март“, посочи Филиповска-Грашкоска.
Државниот инспекторат за труд за периодот од овие три дена реализирал вкупно 422 контроли, при што донесени се едно решение и 11 укажувања за работодавците што не постапиле по препораките на Владата.
Повеќето од овие надзори биле поврзани со постапување по претставки за платено отсуство на родител на дете до 10 години, самохран родител, бремени жени и хронични болни, соопшти претседателката на Инспекцискиот совет на денешната прес-конференција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса во текот на оваа седмица ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоистоичен правец.
Македонија
Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се гаснат, додека шест се целосно изгаснати.
Активните пожари се лоцирани во различни делови на земјата. Еден од нив е во Националниот Парк Јасен во општина Македонски Брод, каде што гори мешана шума. Друг пожар е пријавен во село Теарце, општина Теарце, каде што се гори ниска вегетација. Во општина Сарај, во село Радуша, исто така се активни пожари кои зафаќаат сува трева и мешана шума. Четвртиот активен пожар е во општина Кичево, на потегот помеѓу селата Челопејци и Миокази, каде исто така гори мешана шума, соопшти Центарот за управување со кризи.
Надлежните служби постојано апелираат до граѓаните да ги почитуваат сите препораки и забрани за палење оган на отворен простор, со цел да се спречи ширење на пожарите и да се заштитат природните ресурси.
Македонија
Најмногу туристи ни дојдоа од Турција во јуни

Според податоците од Државниот завод за статистика, во јуни годинава во земјата биле регистрирани вкупно 126.415 туристи, од кои 20,1 отсто се домашни, а 79,9 проценти странски туристи.
Од странските туристи кои ја посетиле земјата во јуни 2025 година, најмногу дошле од Турција – вкупно 34.366 лица, следат Србија со 8.897, Германија со 8.011 и Холандија со 3.604 туристи.
Во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 13,5%, со намалување од 2,5% кај домашните туристи и зголемување од 19,7% кај странските туристи. Вкупниот број на ноќевања во првото полугодие се зголемил за 8,5%, при што кај домашните има мало намалување од 1,1%, а кај странските зголемување од 13,3%.