Македонија
СДСМ: Одобрени се првите 136 бескаматни кредити, се бориме за секое работно место
Со цел за поефикасно справување со последиците врз економијата предизвикани од глобалната пандемија од коронавирусот започна реализацијата на големиот владин пакет, првични економски мерки, во вредност од 200 милиони евра.Се бориме за спас на секое работно место, за секој работник. Се бориме да обезбедиме приход за секој човек, соопшти СДСМ.
Според партијата, првите бескаматни кредити од Развојната банка, се веќе одобрени за 136 компании со 1.737 вработени.Како одговор на големиот интерес за оваа мерка, Развојната банка обезбеди дополнителни 8 милиони евра коишто им се ставени на располагање на микро, малите и на средните претпријатија.
„Државата создаде услови за фирмите, и во оваа прилика сакаме да апелираме, да покажат одговорност и солидарност, преку користење на мерките за поддршка и да ги задржат сите вработени.Со усвоените мерки коишто веќе се усвоени, државата спасува 250.000 работни места и помага на над 35.000 фирми. Мерките ќе помогнат сите фирми погодени од кризата, поточно секој работник да добие од државата добива по 14.500 денари, плата за месеците април и мај.
Со измените на Уредбата за оваа мерка се трга условот управители и сопственици на бизнисите вработени во истите да не може да ја користат меркатаБројот на вработени треба да се задржи 2 месеци по користење на мерката односно до јули 2020 година.Оваа мерка значи поддршка и за занаетчиите, самостојните дејности, спортските работници, уметниците..
На фирмите, како поддршка, им се нуди и опција да изберат помош за покривање на 50 отсто од трошоците за придонеси за секој вработен.Во изминатите две и пол години создадовме систем кој функционира и е во служба на Вас – граѓаните и на Вашите интереси. Од -1,8%, економијата порасна на +3,6% и оваа економска криза државата ја дочекува на нозе.Продолжуваме заедно со Вас, со стопанството да создаваме мерки и политики за еднаква помош за сите. За нас, секој е важен“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

