Македонија
(Видео) Шахпаска: Помош до 10.000 денари за домаќинствата кои се дел од неформалната економија
„Заеднички и солидарно, преку почитувањето на мерките за заштита на здравјето, како и преку конкретни мерки за директна поддршка на граѓаните ќе ја надминеме здравствената и економската криза којашто ја наметна вирусот Ковид 19.Со пакетот економски мерки во вредност од 200 милиони евра, што го обезбеди Владата предводена од СДСМ, се обезбедува значајна помош за препријатијата, за работниците, за занаетчиите, но и за оние што се дел од неформалната економија.Домаќинствата кои останале без приходи или биле дел од неформалната економија имаат право на гарантирана минимална помош во висина од 4 до 10.000 денари“, изјави Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.
Според неа, за да се олеснат последиците од здравствено-економската криза, со Уредба со законска сила за примена на Законот за социјалната заштита за време на вонредна состојба, овозможен е брз пристап во системот на социјална заштита.
„Износот на правото зависи од бројноста и структурата на домаќинството и се движи од 4.000 денари за едночлено домаќинство до 10.000 денари за домаќинство сочинето од 5 возрасни членови.За добивање минимална гарантирана помош, материјалната необезбеденост ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на приходите на сите членови на домаќинството по сите основи, сметано од последниот месец, наместо досегашните три месеци.
Домаќинствата кои користат гарантирана минимална помош, ќе остварат и паричен додаток од 1.000 денари заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството и за месеците април и мај 2020 година.Барањето за добивање гарантирана минимална помош граѓаните треба да ги поднесат до надлежните центри за социјална работа.Дополнително, за граѓаните кои останале без работа поради кризата, државата ќе исплаќа паричен надомест – месечна плата, во висина од 50 проценти од просечната плата на работникот во последните 24 месеци, согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.Обезбедени се сериозни финансиски олеснувања, се одложува наплатата на кредити, наплата на закуп на социјалните станови, а извршните дејствија од страна на извршителите се стопирани“, вели таа.
Според Шахпаска, мерките што се преземаат опфаќаат помош за 250.000 работни места и 35.000 компании, како и социјално загрозените граѓани. Во духот на солидарноста помагаме на оние кои се погодени од кризата и не дозволуваме никој да не остане без приход во овие тешки времиња.
„Политиките и мерките на СДСМ во изминатите две и пол години беа насочени кон создадавање на систем кој работи за граѓаните. Во духот на солидарноста, државата излегува во пресрет на сите погодени од кризата.Затоа што само заедно, солидарно и одговорно можеме да победиме во борбата со коронавирусот и неговите последици.Продолжуваме да се грижиме за нашето здравје, здравјето на сите граѓани и меѓусебно да си помагаме.Затоа што сите граѓани се важни“, додава таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ДИК: Излезноста до 9 часот во четирите општини е 1,12 отсто
Државната изборна комисија на својата веб-страница објави дека до 9:00 часот утринава, излезноста на гласачите во четирите општини каде што се одржуваат повторени избори за градоначалник е 1,12%.
По општини:
– Врапчиште – 1%
– Гостивар – 0,93%
– Маврово–Ростуше – 2,89%
– Центар Жупа – 0,75%
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на прес-конференција кажа дека на избирачките места кои се отворени навреме, гласањето тече непречено, без поголеми тешкотии. Поради временските прилики со задоцнување се отворени неколку избирачки места, а едно избирачкото место во Ќафа не е воопшто отворено.
Денеска се гласа на вкупно 215 избирачки места, а право на глас имаат 128.286 избирачи.
Македонија
(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе
Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во 23:30 часот, откако со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, во акцијата биле ангажирани припадници на Одделот за специјални полициски операции, Одделот за униформирана полиција, како и на Дирекцијата за заштита и спасување.
Со две теренски возила, опремени со санки за снег и спасувачка опрема, екипите се упатиле кон местото на настанот.
„Денеска (11.01.) во 08:30 часот, лицата биле пронајдени и успешно извлечени во добра здравствена состојба. Станува збор за лицата Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило марка „VW Amarok“ со скопски регистерски ознаки.
Тие биле пронајдени на локација позната како „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на село Лазарополе“, стои во објавата на МВР.
Македонија
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.
Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.

