Регион
Владиката Амфилохије уапсен по литургија во Подгорица
Митрополитот црногорско-приморски Амфилохије, кој е поглавар на Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора, денеска бил приведен во центарот за безбедност во Подгорица.
Како што информираат српските медиуми, митрополитот бил приведен по неговата служба во црква во населбата Златица во Подгорица.
„Митрополитот е во Центарот за безбедност во Подгорица. Тој беше приведен по службата, за време на која владееше вистинска опсада пред светото место. Неколку свештеници од храмот на Христовото воскресение се исто така уапсени. Очигледно, ова е демонстрација дека во Црна Гора почнува да се применува Законот за слободата на вероисповед“, изјавил за „Вечерње новости“ еден од свештениците присутен на настанот.
Од почетокот на годината, Српската православна црква редовно организира протести во црногорските градови поради спорниот Закон за вероисповед.
Законот од декември минатата година бара сите верски заедници кои делуваат во земјата да се регистрираат и да ја докажат сопственоста над имотот што го поседувале и пред 1918 година, кога Црна Гора била присоединета кон Кралството Србија.
Српската православна црква инсистира на тоа дека целта на таквата регистрација е нејзино понижување и дека владата се обидува да го експроприра нејзиниот средновековен имот, вклучително и цркви, манастири и земјиште.
Од друга страна, црногорските властите тврдат дека законот има намера да ја доведе во ред евиденцијата на имотот на верските заедници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.
Регион
По Црна Гора, слаб земјотрес ја погоди и Хрватска
Земјотрес со јачина од 2 степена според Рихтеровата скала денеска ја погоди Хрватска.
Епицентарот на земјотресот бил на 33 километри од Риека, на длабочина од 34 километри.
Предходно, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 3,6 степени. Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Регион
Земјотрес во Црна Гора: се тресеше во близина на Будва
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово во 8.18 часот ја погоди Црна Гора.
Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар од Подгорица и 7 километри од Будва. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти ЕМСЦ.
Засега нема информации за материјална штета.