Македонија
Утре крводарителска акција во Општина Бутел

Следејќи ги потребите на Министерство за здравство, Општина Бутел и Институтот за трансфузиона медицина, во вторник, на 14 април, од 9 до 14 часот, ќе ораганизираат крводарителска акција во просториите на Општина Бутел.
Во координација со Институтот за трансфузиона медицина, од Општината нагласуваат дека се преземени дополнителни мерки за максимално безбедни услови за крводарување, како што е персонал обучен за спроведување на сите пропишани хигиенски мерки од Институт за трансфузиона медицина.
„За време на акцијата ќе биде воведен систем на обезбедување соодветно растојание помеѓу дарителите и ќе се практикува телефонско повикување на дарителите со цел да се обезбеди континуитет во крводарувањето во безбедни временски интервали (закажување). Ги повикуваме сите заинтересирани лица и крводарители да се вклучат во хуманитарната крводарителска акција и да помогнат во спасување нечиј живот“, велат од Општината.
Додаваат дека Ковид-19 не може да се добие со крводарување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Герасимовски: 100 семејства добија 7.000 денари парична помош за новороденчиња, го поддржуваме родителството

Во Паркот на Франкофонијата, Општина Центар денеска додели еднократна парична помош од 7.000 денари на 100 семејства со новороденчиња. Градоначалникот Горан Герасимовски лично им ги врачи решенијата на родителите, со што уште еднаш ја потврди заложбата на општината да биде активен партнер во поддршката на родителството уште од самиот почеток.
„Да се стане родител е најголемата чест, но и најголемата обврска. Затоа сме тука – да ви подадеме рака, да ве охрабриме и да ве потсетиме дека не сте сами на овој пат. Грижата за децата не е само семејна одговорност – тоа е наша заедничка мисија. Како локална самоуправа, знаеме дека секој ден со дете е предизвик, но и благослов. Затоа, редовно, секоја година доделуваме еднократна помош од 7.000 денари за да ви го олесниме почетокот, барем малку. Денеска добиваме 100 нови причини да се бориме за подобро, побезбедно и похумано секојдневие. Овој парк денес е полн со детска енергија, насмевки и надеж. И тоа е сликата што ја сакаме за Центар – место за живот, љубов и иднина“, истакна градоначалникот Герасимовски.
Еднократната помош е дел од редовната поддршка што Општина Центар ја доделува на новите родители, во рамки на проектот за првична финансиска и морална поддршка на семејствата со новороденчиња.
Македонија
Муцунски во работна посета на Јапонија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, во наредните денови ќе престојува во работна посета на Јапонија.
Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото одбележување на Националниот ден на Република Северна Македонија на Осака ЕКСПО 2025, каде што земјата учествува со свој павилјон, промовирајќи ги културните, туристичките и економските потенцијали на овој значаен меѓународен настан, кој се одржува од 13 април до 13 октомври 2025 година во Осака, извести Министерството за надворешни работи.
Покрај учеството на ЕКСПО, министерот ќе оствари работни средби со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Хисајуки Фуџии, со претседателот на Јапонската организација за надворешна трговија (JETRO), Сусуму Катаока, како и со заменик-претседателот на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA), Шохеи Хара.
На средбите ќе се разговара за унапредување на билатералната соработка, со фокус на економските и трговските односи, размена на искуства во областа на развојната помош, како и актуелни регионални и глобални предизвици, додаваат од Министерството.
Македонија
Димитровска: Осомничениот ми е семеен пријател, разговорите не се поврзани со „Адитив“

Петседателката на Комисијата за спречување корупција, Татјана Димитровска, вели дека еден од осомничените од случајот „Адитив“ во кој и таа е осомничена за оддавање службена тајна, и е семеен пријател. Вели дека разговорите не биле поврзани со случајот.
„Како Претседател на Државната комисија за спречување на корупција, сакам да нагласам дека кредибилитетот и интегритетот на институцијата во никој случај не смее да биде оспорен. Принципот на презумпција на невиност, односно секој е невин додека не се докаже спротивното, како и принципот на владеење на правото, потребно е да се почитуваат. Останатите 6 члена на институцијата која ја претставувам, немаат никаква поврзаност со делото за кое сум осомничена.
Сакам да ја информирам јавноста дека мојата комуникација со семеен пријател, кој подоцна стана обвинет во случајот „Адитив“, се одвивала во период пред да започне постапка за него пред надлежното обвинителство. Од соопштението од ОЈО за ГОКК се согледува дека нашата комуникација траела до декември 2024 година, или пред да му е изречена мерка притвор по оваа мерка кон него, јас престанувам со комуникација. Содржината на комуникацијата се однесува на разговори без никаква поврзаност со случајот предметот „Адитив“. Дел од споделените информации се однесуваат на јавни документи чија содржина пред нашата комуникација е објавена во јавност, а останатиот дел е вообичаена пријателска комуникација“, вели Димитровска.
Таа вели дека комуникацијата е направена без никаква намера да влијае на постапката и истрагата.
„За оваа моја комуникација изразувам жалење и укажувам дека е направена без никаква намера да влијаам на постапката или на било кој аспект на истрагата. Ова го тврдам одговорно. Во Државната комисија за спречување на корупцијата во тек е постапка за проверка на имотната состојба на наведено лице. Со електронската распределба предметот не е доделен за постапување кај мене, а согласно утврдените правила немам никаква можност да влијаам врз текот на постапката или врз исходот. Одлуките на ДКСК се носат колективно, со мнозинство гласови на членовите. Целосно ќе соработувам со надлежните правосудни органи и очекувам брза и транспарентна разрешница на настанот. Мерките на претпазливост ќе ги почитувам во целост. До конечно изјаснување на обвинителството нема да давам дополнителни јавни изјави, освен ако тоа го наложат околностите, водејќи се од интересот на институционалниот интегритет и транспарентност. Очекувам до тогаш да се почитува интегритетот на ДКСК, мојот и интегритетот на моето семејство“, додава таа.
Димитровска се сомничи дека преку апликациите за пораки „Вибер“ и „Воцап“ му одавала службени тајни на друг обвинет за поведени постапки за отворање предмети и одлуки против сега обвинетите фирми и лица во предметот „Адитив“, како и податоци за проверка на имот и на неговото семејство.
Судот и го одзеде пасошот и определи и забрана за преземање одредени работни активности поврзани со кривичното дело, што подразбира дека осомничената не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на ДКСК, воедно не може да гласа и да распределува предмети.