Македонија
(Видео) Николоски: Потребно е масовно тестирање на поширока бројка во Прилеп

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, порача дека во Прилеп потребно е итно да се направи масовно тестирање на поширока бројка луѓе, кои индиректно би можеле да бидат во опасност.
„Бројот на тестирани во Прилеп треба да се брои во илјадници, а не како што е сега. Што повеќе тестирани толку подобра слика за здравствените работници да може да им помогнат на сите“, порача Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека треба побргу да стигаат резултатите на веќе тестираните. Информациите од Прилеп, вели Николоски, се дека луѓето чекаат од 5 до 7 дена за резултат.
„Тоа е недозволиво долго време. Драгоцено изгубено време, зашто доколку навреме се детектира вирусот и веднаш се почне со терапија, многу поголеми се шансите за закрепнување. Да се дозволи поголема слобода во однос на процената на матичниот лекар за креирање упати преку системот ‘Мој термин’, да се направи скрининг на здравствениот персонал. Тие се нашите херои и се на првата борбена линија“, смета Николоски.
Тој повика во Прилеп на помош да бидат испратени медицински лица од другите болници во Македонија, а пред сè, инфектолози. Николоски нагласи дека е неопходно и зајакнување на капацитетите на битолската Клиничка болница како најголема болница во околината на Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.
Македонија
Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, претходно, на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. Нема да не запрат и нема да не поколебаат, напиша тој.
Македонија
Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање за реакција и помош. Го известиле дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање.
„Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!! Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!“, напиша Кирков на социјалните мрежи.
Тој ги проѕва Град Скопје , Данела Арсовска и Зоран Попов сигнализирајќи и дека состојбата може да доведе до протести.