Свет
(Видео) Десетти ден пожари во Чернобил, огнот се приближува кон уништениот нуклеарен реактор
Пожарите во забранетата зона во Чернобил сè уште се активни веќе десетти ден по ред и покрај напорите на украинските пожарникари кои се борат со огнот во областа и употребата на авиони, кои досега исфрлија речиси 400 тони вода.
Пожарот, кој со денови ги голта радиоактивните шуми на забранетата зона во Чернобил, се приближува до саркофагот што го покрива уништениот нуклеарен реактор. Пожарот кон реакторот го наведуваат силни ветрови, кои дополнително ја комплицираат работата на противпожарната служба.
Постојат стравувања дека пожарот би можел да стигне до контаминираните камиони и други возила што останаа напуштени во областа по катастрофалната експлозија во 1986 година.
Forest in Chernobyl, Ukraine.
The fire broke out on last Saturday and spread over 250 acres in a forested area near the Chernobyl power plant. pic.twitter.com/6JDDrB0weg
— Farhang F. Namdar (@FarhangNamdar) April 11, 2020
Во напорите за ставање под контрола на пожарот вклучени се 366 лица и 88 возила вклучувајќи три авиони и три хеликоптери, кои вчера ослободија 370 тони вода во момент кога Украина се бори против епидемијата на коронавирусот.
Огнената стихија тројно се зголеми во последните неколку дена и зафати речиси 100.000 хектари. Густиот чад над шумата може да се види од 30 километри оддалечениот Припјат.
? FIRE IS VISIBLE FROM Pripyat ❗️❗️
Start to pray ? #chernobyl #breakingnews #chernobylwelcome #prayforchernobyl #forestfire pic.twitter.com/Hg3htqOUIq
— CHERNOBYLwel.come (@CHERNOBYLwelcom) April 13, 2020
Forest fires in Chernobyl Exclusion Zone ‘close’ to nuclear reactor https://t.co/gWiArwSJnt via @MailOnline
— Jukka P.Seppälä (@JukkaPSeppl) April 13, 2020
Официјални лица посочуваат дека состојбата со зрачењето во Киев и регионот е стабилна и дека дозата на површината на земјата и радиоактивната содржина во водата не ги надминуваат дозволените граници, но нивото на зрачење околу Чернобил веќе скокна по избувнувањето на пожарите.
Стравувањата се дека зрачењето ќе биде уште поголемо или дури ќе стигне и до Киев бидејќи пожарот се приближува до уништениот реактор, пренесува „Дејли меил“.
Raging forest fires threatening Chernobyl site as experts fear nuclear wall of flames could spew toxic air over Europe https://t.co/mpQyPk4hrb #END
— Barbara Santana (@Barbara96913515) April 13, 2020
На луѓето не им е дозволено да живеат во радиус од 30-ина километри од нуклеарната централа лоцирана на 100-ина километри од Киев.
Шумските пожари во забранетата зона во Чернобил почнаа на 4 април, а полицијата го идентификува лицето за кое постои сомнение дека го предизвикало пожарот како дваесет и седумгодишен жител на регионот Киев и против него е поведена кривична постапка
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

