Контакт

Свет

Шведска одобри ветеринарен анестетик за случаите со Ковид-19

Објавено пред

Шведската Агенција за лекови ја одобри употребата на анестетици, кои обично се користат за животни за тешки пациенти со Ковид-19 бидејќи снабдувањето со традиционални лекови е слабо.

dobivaj vesti na viber

Според Агенцијата, побарувачката за лек за анестезија „пропофол“ е зголемена во шведската престолнина Стокхолм и неговата примена строго се контролира. Ако резервите се потрошат, на лекарите ќе им биде дозволено да користат лекови што се нормално пропишани за употреба кај животни.

Директорот за здравство во регионот Стокхолм, Бјорн Ериксон, изјави за радиодифузерот „Свериге радио“ дека има недостиг во снабдување со лекови во оваа област.

„Знаеме дека има недостиг од тој лек затоа неговата употреба строго се контролира и се користи само кога е неопходен, а во други случаи користиме алтернативни лекови“, рече Ериксон.

Маја Марклунд, директорка во Шведската агенција за лекови, призна дека користењето анестетици на животни не е вообичаена постапка.

„Ситуацијата е екстремна зашто одделенијата за интензивна нега имаат зголемена потреба во исто време. Затоа, мора да бидеме внимателни и да преземеме дополнителни мерки што не се вообичаени“.

Одобрувањето ветеринарни лекови доаѓа само неколку дена откако Европската агенција за медицина (ЕМА) предупреди дека Европа се соочува со недостиг од лекови како резултат на избувнување на Ковид-19.

Од ЕМА соопштија дека, освен седативи и анестетици, европските земји може да забележат недостиг од лекови за маларија како „хлорокин“ за кој се тврди дека е ефикасен кај тешките случаи на Ковид-19.

Во Шведска, која е една од ретките земји што не наметна строги мерки на контрола на движењето, во последните денови бележи голем пораст на случаите на Ковид-19 и смртни случаи пријавувајќи 10.483 заразени и 899 смртни случаи до неделата.

Свет

Зеленски го отфрли официјално предложениот тридневен прекин на огнот на Путин

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли официјално предложениот тридневен прекин на огнот на Владимир Путин за 9 мај. Зеленски, како што објави „Униан“, инсистира на 30-дневен прекин на огнот.
Тој истакна дека „Украина не може да ја гарантира безбедноста на светските лидери во Москва на 9 мај“.

dobivaj vesti na viber

За време на разговорот со новинарите, претседателот на Украина изјави дека „не сака да си игра со кратките примирја предложени од Путин“.

Според него, моделот на примирје од 30 дена е најоптимален, бидејќи е невозможно да се договори нешто за неколку дена.

„Се согласувам со Трамп дека 30-дневното примирје со Русија е вистинскиот прв чекор“, рече претседателот на Украина.

Прикажи повеќе...

Свет

Загина жена при експлозија во Солун

Објавено пред

Во експлозија на бомба што рано утрово се случи во центарот на Солун, животот го загуби 38-годишна жена, Како што пренесуваат грчките медиуми, жената веројатно загинала додека го пренесувала експлозивниот механизам.

dobivaj vesti na viber

Експлозијата се случи околу 5.30 часот утрово, предизвика штета на излозите на соседните продавници, како и на возилата паркирани во близина.

Очевидци за грчките медиуми рекоа дека експлозијата била многу силна.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп ја отстрани Романија од програмата за безвизно патување во САД

Објавено пред

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ја отстранува Романија од програмата за безвизно патување во САД.

dobivaj vesti na viber

Претходната администрација на претседателот Џо Бајден на 9 јануари објави дека ја прифаќа Романија во програмата, нагласувајќи дека државата ги исполнила строгите безбедносни барања. Визите за романските граѓани требаше да бидат укинати околу 31 март.

Сепак, на крајот на март, Министерството за внатрешна безбедност објави дека ја замрзнува мерката со цел повторно да се разгледа одлуката за вклучување на Романија во програмата за безвизно патување во согласност со загриженоста на администрацијата на Трамп за безбедноста на земјата. Резултатот од повторната проценка е дека Романија е отстранета од програмата, јавија синоќа американските медиуми.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Криминално трио ја ограби касата на казиното во Бутел, на двајца браќа им помогнал вработен

Три лица се осомничени за кражба од казино во Бутел, при што биле одземени 1.460.856 денари, соопшти денеска Основното јавно...

Македонија4 часа

Уапсен е зетот на покојниот Зоки Фаци, ја запалил куќата во која живееле сестрата и внуците

Вчера наутро била избегната трагедија во која можело да настрадат станари во зграда во скопската населба Ново Лисиче откако Тодор...

Регион5 часа

Две години од масовното убиство во „Рибникар“: Тешка трагедија која Србија никогаш нема да ја заборави

Поминаа две години од страшното масовно убиство кога 13-годишно момче уби девет деца и училишен чувар во ОУ „Владислав Рибникар“....

Регион6 часа

На Александар Вучиќ ненадејно му се слошило, па ја прекина посетата на САД

Српскиот претседател е на пат кон Белград откако синоќа му се слошило при посетата на САД и побарал медицинска помош....

Свет17 часа

„Мерцедес“ се заби во група пешаци во Штутгард

Автомобил „мерцедес“ денеска удри во група луѓе на пешачки премин во центарот на Штутгарт, Германија, при што се повредени неколку...

Македонија19 часа

Ахмети вели дека ако излезе на улица нема враќање назад, „Вреди“ со коментар дека улицата е на народот, а не на милионерите

Можно е симпатизерите на ДУИ да излезат на улица, вели Али Ахмети, поради случајот со ексминистерот, Крешник Бектеши, кој се...

Свет23 часа

Америка се повлекува од мировните преговори меѓу Русија и Украина

САД повеќе нема да посредуваат во мировните преговори меѓу Украина и Русија откога Владимир Путин одби да се согласи на...

Регион23 часа

Караџов за Коридорот 8: Николоски раскажува македонски приказни пред спиење, каде е да го потпише договорот

Имам чувство дека Николоски раскажува македонски приказни пред спиење, коментира вицепремиерот и министер за транспорт, Гроздан Караџов, во врска со...

Македонија23 часа

Мицкоски: Јавниот и државниот долг најниски во последните 5 години

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на нивото на јавниот и на државниот долг и очекувањата...

Македонија1 ден

 Скопската ЗОО од утре може да биде затворена, вработените од вчера се и без здравствено осигурување, а плата немаат 45 дена

Доколку не им биде исплатена платата за март на вработените, веројатно скопската Зоолошка градина од утре ќе биде затворена за...

Македонија1 ден

Осум пациенти се враќаат од лекување од Турција, Бугарија и од Словенија, во странство остануваат хоспитализирани 18

Министерството за здравство информира дека денеска уште осум пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување, од...

Македонија1 ден

Независниот синдикат на полицијата со најава за полициски протест: „Молчењето нѐ донесе под минималецот“

Независниот синдикат на полицијата со најава за полициски протест. „Како што ветивме после првомајската парада, на 2 Мај го најавуваме...

Свет1 ден

Разузнавачките служби: Целите на Путин се променија

Нови разузнавачки информации споделени од американски и западни претставници сугерираат дека рускиот претседател Владимир Путин го префрлил својот непосреден фокус...

Македонија1 ден

Македонија со пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите

Падот на Македонија за шест места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“,...

Свет1 ден

Венс: Војната во Украина нема да заврши набргу

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс вчера за „Фокс њуз“ изјави дека војната во Украина нема да заврши набргу, а американскиот државен...

Македонија1 ден

Субвенции за струја за ранливи домаќинства: обработени 745 апликации, следува исплата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка...

Свет1 ден

Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот...

Топ2 дена

Исчезнатиот рибар кај Злетовска Река најден мртов

Пронајден е починат исчезнатиот рибар Кире Павлов од Пробиштип. Неговото исчезнување во полицијата го пријавил Благој Стојанов од истиот град кој...

Топ2 дена

МВР трага по осумгодишно момче кое исчезнало во Скопје

Осумгодишниот А.Џ., кој имал здравствени проблеми се оддалечил од местото каде што престокувал со својот татко. За случајот, полицијата во...

Свет2 дена

Зеленски: Договорот за минералите е прв резултат од мојата средба со Трамп во Ватикан

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска го нарече историски договорот за минерали меѓу САД и Украина. „Ова е првиот опиплив исход...