Македонија
Се разгледува можноста за излез на децата со аутизам за време на полициски час
Комисијата за заразни болести во текот на утрешниот дел ќе го разгледа барањето на родителите на децата со аутизам, со цел тие да можат да излегуваат за време на полицискиот час за време на велигденските празници.
Не се разгледуваат олеснителни мерки за останатите деца, бидејќи со тоа мерките би немале ефект, рече министерот за здравство Венко Филипче.
На децата со аутизам, рече тој, излегувањето им е дел од рутината и доколку истата се смени, може да доведе до дополнителни компликации.
„Сега треба да видиме на кој начин тоа да се направи. Има една одлука за лица со посебни потреби, меѓутоа има една група на деца со аутизам на кои треба да им се дозволи излегување заради тоа што тие веќе до сега имаат воспоставено една рутина и ако таа се смени може дополнително да ја комплицира состојбата во смисла на тоа, ако сега заземале некоја рутина, нејзиното менување може доведе до дополнителни компликации“, рече министерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

