Забава
Тејлор Свифт и Опра се приклучуваат во глобалниот настан во чест на здравствените работници
Тејлор Свифт, Џенифер Лопез и Опра Винфри се приклучија на глобалниот специјален телевизиски пренос овој викенд, кој ќе оддаде почит на напорите на здравствените работници на првите линии на фронтот против епидемијата на коронавирус, соопштија организаторите, пренесува „Ројтерс“.
Настанот ”One World Together at Home („Еден свет заедно дома)“, комбинација на музика, комедија и сведоштва на доктори, медицински сестри и продавачи во супермаркети, исто така ќе содржи и дополнителен шестчасовен стриминг-настан со настапи на големи спортски ѕвезди, вклучувајќи ги и светскиот шампион во Формула 1 Луис Хамилтон, американската фудбалерка Меган Рапино, најуспешната скијачка на Светскиот куп Линдзи Вон, десетици пејачи, актери и инфлуенсери на социјалните мрежи.
Стриминг-настанот на 18 април ќе претходи на двочасовната емисија што ќе се емитува низ повеќе северноамерикански и интернационални телевизиски мрежи в сабота навечер, што ќе биде најголем обид досега да се покаже солидарност со здравствените работниците од првите редови.

Сите учесници на настанот, организиран од Светската здравствена организација (СЗО) и организацијата „Глобал ситизен“, ќе се појават оддалеку поради препораките за социјално дистанцирање за да се спречи ширењето на болеста во која починаа повеќе од 124.000 луѓе ширум светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Другите им се восхитуваат: Најсреќните жени се родени под овие хороскопски знаци
Постојат луѓе кои носат леснотија и радост со своето присуство, но малкумина го прават тоа без трошка преправање.
Некои жени не се обидуваат да бидат среќни за да ги исполнат очекувањата, туку навистина чувствуваат благодарност, оптимизам и радост – дури и во моменти кои не се совршени. Хороскопот истакнува неколку знаци чии членови поседуваат природна внатрешна веселост што ги инспирира сите околу нив.
Нивната среќа не доаѓа од изобилство или околности, туку од нивниот став кон животот.
Стрелец
Жените родени под знакот на Стрелец имаат вроден оптимизам и неисцрпна жед за живот. Дури и кога се соочуваат со пречки, тие веруваат дека тоа е само минлива фаза и дека нешто подобро ги чека зад аголот. Тие сакаат да се смеат, да шират добра енергија и често се оние кои ја враќаат верата во другите кога се колебаат.
Нивната среќа не изгледа наметната – таа произлегува од нивната филозофија дека животот секогаш носи нешто ново што вреди да се доживее.
Лав
Лавките не бараат одобрување – тие го создаваат. Нивната сила, гордост и харизма често ги прават луѓе на кои им се восхитуваат другите. Сепак, она што навистина ги издвојува е фактот дека се среќни кога се искрени кон себе. Не се обидуваат да им угодат на сите и не кријат кои се.
Нивната насмевка често доаѓа од чувство на исполнетост бидејќи знаат како да живеат автентично. И затоа зрачат – без да кажат ништо.
Бик
Жените родени под знакот на Бик знаат како да забават, да се слушаат себеси и да го ценат она што го имаат. Нивната среќа не е гласна, туку длабока.
Ќе најдат радост во тивко утро, добра шолја кафе или прегратка од сакана личност. Со своето мирно присуство, тие ги потсетуваат другите дека среќата не е во она што недостасува, туку во она што веќе постои. Нивната благодарност е искрена – и затоа насмевката никогаш не им го напушта лицето.
Забава
(Фото/Видео) Интернетот се вжешти поради секси долната облека на Сидни Свини
Актерката Сидни Свини дојде во центарот на вниманието кога го украси знакот на Холивуд со градници среде ноќ, а сега е објавена нејзината вистинска реклама за брендот за долна облека што го покренува.
Откако Сидни стана омилена на сите поради нејзините прекрасни облини, таа сакаше конечно да дизајнира нешто што ќе биде и убаво и удобно, и така се роди нејзиниот бренд „Syrn“.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство кога си секси, моќна, нежна, разиграна или сето тоа во истиот ден. Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Првата колекција веќе е објавена на нејзиниот Инстаграм профил и не им требаше долго време на сите повторно да бидат воодушевени од фаталната русокоса. Освен фактот дека е јасно дека сите модели наскоро ќе бидат распродадени, никој не можеше да го тргне погледот од заводливата Сидни Свини.
Актерката позираше во чипкани комбинации и рече дека „градите се како отпечатоци од прсти, нема двајца исти луѓе“, а така се дизајнирани нејзините парчиња облека.
Забава
(Фото) Георгина Родригез посети црква и повторно ги разбесни сите: „Колку мртви животни носиш?“
Свршеницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, е мета на негативни коментари уште од првиот ден кога стана позната во јавноста. Ја критикуваат за многу работи, главно за фактот дека има многу пари и може да си дозволи бројни задоволства.
Ниеден од нејзините јавни појавувања не доби позитивни коментари, а нејзиниот стил и вкус изгледаат како никогаш да не успеала да изгради или барем да се приближи до она што другите сакаат да го видат од неа.
Последниот во низата што предизвика негативни коментари беше објава од Шпанија, од црква каде што Георгина се фотографираше. За таа пригода, беше облечена „едноставно“, носејќи долг крзнен капут и бели чизми со високи потпетици.
„Во посета на мојот Бог со сестра ми“, напиша Георгина во описот на фотографијата.
Белите чизми и крзнениот капут им пречеа на огромното мнозинство од нејзините следбеници, а тие најдоа маана во описот, со оглед на тоа што таа го нарече Бог „нејзин“.
„Таквиот кич не е за црквата“, „Бог повеќе ги сака скромните луѓе“, „Колку мртви животни носиш на себе“, „Се надевам дека е вештачко крзно“, беа само дел од коментарите.

