Црна хроника
Двајца битолчани ги злоупотребиле работните дозволи за да шетаат за викенд
 
																								
												
												
											Битолското Основно јавно обвинителство поднесе предлози за казни за двајца битолчани што ги злоупотребиле своите дозволи за движење за време на полициски час.
Како што се наведува во соопштението, двајцата обвинети минатиот викенд се движеле надвор за време на полицискиот час, а при полициска контрола презентирале дозволи за движење издадени од работодавците.
По извршените проверки, било утврдено дека дозволите се злоупотребени, односно тие не содржеле овластување за движење во временскиот период и на подрачјата каде што битолчаните биле затекнати.
Двајцата се товарат за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Јавното обвинителство предложи да им бидат изречени парични казни од по 100 дневни глоби, а секоја дневна глоба да биде определена во износ од 20 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Црна хроника
Расчистени кривични дела „разбојништво“ и „насилство“ извршени од малолетници во реонот на Бит Пазар
 
														Вчера во Скопје, во Полициската станица Бит Пазар извршен е службен разговор со тројца малолетници, во присуство на нивните родители, поради основи на сомнение дека на 30.06.2025 извршиле кривично дело „разбојништво“ по член 237 од КЗ врз малолетник од Скопје.
Извршено е и препознавање од страна на оштетениот и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Исто така, од страна на полициски службеници од ОКР Центар-Бит Пазар од слобода е лишен малолетник од Скопје поради тоа што изршил кривично дело „насилство“ на 22.10.2025 врз друг малолетник.
Извршено е и препознавање од страна на оштетениот и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при преглед во возилото пронајдена муниција
 
														Вчера околу 20:35 часот полициски службеници од СВР Скопје, по претходно добиени оперативни информации, сопреле возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот Р.А. од Скопје.
При извршен преглед во возилото пронајдени се 100 куршуми.
Р.А. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Топ
Уапсен возачот што удри 11-годишно девојче на улицата Перо Наков и избега
 
														Вчера околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р. (59) од Скопје.
Тој на 28.10.2025 околу 20:30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, со патничко возило „фиат сеиченто“ удрил во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и возачот и возилото се пронајдени и Б.Р. по наредба на јавен обвинител е задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											