Свет
Џамиите во Саудиска Арабија ќе останат затворени за време на рамазан

Две свети места на исламот во Саудиска Арабија, Пророчката џамија во Медина и Големата џамија на Мека, ќе останат затворени за време на рамазан, кој почнува на 23 април, како резултат на мерките за претпазливост во борбата против Ковид-19, соопшти Генералниот директорат за две џамии во земјата, пренесува „Спутник“.
„Според препораките на надлежните органи, присуството на верници во двете свети џамии на петте дневни молитви и на Таравих, молитвата што се изведува само во текот на месецот Рамазан, е суспендирано со цел да се заштити здравјето на луѓето“ , рече дирекцијата во понеделникот.
На 17 април големиот муфтија на земјата, Абдул Азиз ал-Шеик, рече дека молитвите за рамазан може да се изведуваат само дома поради појавата на Ковид-19.
Претходно месецов Министерството за хаџ и умра на Саудиска Арабија побара од муслиманските патници во светот да се воздржат од посета на кралството за Хаџ, годишен исламски аџилак во Мека. Пред тоа, главните свети места беа затворени за посетителите бидејќи беа спроведени процедури за целосна дезинфекција за да се спречи ширењето на Ковид-19.
Во март саудиските верски власти забранија молитви во џамиите, вклучувајќи ја и неделната петочна молитва, по ограничувањата наложени од владата.
До денес саудиските здравствени власти регистрирале 10.484 случаи на Ковид-19 и 103 смртни случаи поврзани со вирусот во земјата од почетокот на пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Снаата на убиените во Чачак повикала полиција: пожарникарите влегле во станот низ прозорецот

Јован (77) и Милица (72) Баковиќ синоќа околу 22 часот се убиени во семејниот стан во Чачак.
За убиството е осомничен нивниот син Михајло, а како што дознаваат медиумите, неговата сопруга повикала полиција.
„Беа прекрасни луѓе, синот им доаѓаше секој ден, не разбираме што можеше да се случи. Слушнав дека на Михајло му се слошило, но не знам за што се работи. Синоќа му се јавила сопругата, тој не одговорил. Ниту тие не се јавиле, па таа дошла во станот. Таа тропнала на вратата, но никој не одговорил, не знаела што се случило и ја повикала полицијата, која ги пронашол телата во станот“, изјавил соседот за медиумите.
Убиениот Јован бил лекар во пензија, според написите.
Припадници на МВР во Чачак го приведоа М. Б. (41) од Чачак поради сомнение дека сторил кривично дело тешко убиство.
Како што беше дополнително соопштено, тој е осомничен за кривично дело тешко убиство и се сомничи дека со остар предмет ги убил родителите. По наредба на Вишото јавно обвинителство во Чачак, одредена му е мерка притвор до 48 часа, во кој рок со поднесување кривична пријава ќе биде изведен на распит во Обвинителството.
Свет
Папата Франциско: Болеста ми помогна појасно да ја видам апсурдноста на војната

Папата Франциско, кој беше хоспитализиран поради пневмонија, преку писмо повика на прекин на војните и на дипломатски решенија за конфликтите.
Во писмото до весникот „Кориере дела сера“ папата рече дека неговата долга болест му помогнала да му стане уште појасна апсурдноста на војната и го обновил својот повик до дипломатијата и меѓународните организации да најдат нова виталност и кредибилитет.
Папата укажа и на важноста на зборовите велејќи дека „мора да ги разоружаме зборовите, да ги разоружаме умовите и да ја разоружаме Земјата“. Претходно денеска, Бакингемската палата потврди дека кралот Чарлс ќе се сретне со папата Франциско меѓу 7 и 10 април и покрај болеста на католичкиот водач.
Папата (88) беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари со тешка респираторна инфекција и оттогаш не е виден во јавноста, пренесува „Танјуг“.
Регион
Во хрватскиот Сабор едноминутно молчење за загинатите во Македонија

Хрватскиот Сабор, денеска, со едноминутно молчење им оддаде почит на 59-те лица што завчера загинаа во пожарот во Кочани, Македонија.
„Загубени се многу млади животи и во име на хрватскиот Сабор сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите и да им посакам брзо закрепнување на повредените“, изјави претседателот на Собранието, Гордан Јандроковиќ.
Во пожарот што завчера избувна во „Пулс“ во Кочани загинаа 59 млади лица, а повеќе од 150 се повредени.