Македонија
„Репортери без граници“: Бавен напредок, закочени реформи
Денеска, беше објавен годинешниот индекс на „Репортери без граници“, кој ја мери слободата на медиумите во државите во светот. Оваа година Северна Македонија бележи скок од 3 места на оваа листа и сега се наоѓа на 92. место од вкупно 180 земји во светот.
Во делот за нашата земја се наведува: „Треба да се забележат две револуционерни достигнувања во врска со саморегулацијата и работните стандарди на професионалните новинари: од една страна, создавањето на Регистарот на професионални онлајн-медиуми (www.promedia.mk), кој има речиси 120 члена, креиран од страна на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Оваа иницијатива ја промовира саморегулацијата на медиумите со тоа што ги обврзува да се придржуваат кон Кодексот на новинарите и да ги објавуваат одлуките на СЕММ. И, од друга, потпишувањето на Повелбата за подобрување на условите за работа на новинарите и медиумските работници во дигиталните медиуми од страна на Синдикатот (ССНМ), во соработка со ЗНМ и СЕММ“, се вели во извештајот на „Репортери без граници“.
Еден од проблемите што се издвоени во извештајот на „Репортери без граници“ е финансирањето медиумите од страна на општините и покрај забраната за оваа практика. Освен тоа, се критикува и купувањето простор во медиумите за промовирање на достигнувањата на Владата, нешто што наиде на осуда од Здружението на новинарите на Македонија.
Во извештајот се наведува дека бројот на физички напади врз новинарите и медиумските работници е намален, меѓутоа во пораст е бројот на сајбер-напади, а се дава критика и на застојот во реформирањето на јавниот сервис.
Според последниот индекс за слобода на медиумите, од соседството пред Северна Македонија се: Грција на 65., Косово на 70. и Албанија на 84. место, а зад нас се наоѓаат Србија на 93. место, Црна Гора на 105. и Бугарија на 111. место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првични резултати на ДИК: Орце Ѓорѓиевски освои 93.207 гласови, Амар Мециновиќ 58.994
Според првичните неофицијални резултати на ДИК, кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, освои 58.994 гласа, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски 93.207 гласа.
Ова се податоци од 97, 66 отсто обработени избирачки места. Во нив се запишани 462.161 избирач, а излегле да гласаат 161.965 гласачи или 35,05 отсто.
Македонија
(Видео) Филипче: Следуваат сериозни кадровски промени во СДСМ
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција по завршувањето на вториот круг од локалните избори, најави сериозни кадровски и политички промени во рамки на партијата.
„Овие избори се јасен патоказ за СДСМ, а секако и јасен патоказ за мене како претседател на партијата јасно е какви промени треба да се направат, и политички и кадровски. Како што веќе најавив, во следните денови ќе следуваат промени. Ќе се одржат седници на Извршниот и на Централниот одбор на кои ќе бидат презентирани и усвоени тие кадровски решенија“, рече Филипче.
Претседателот Филипче исто така најави и дека партијата ќе свика Конгрес на кој ќе се разговара за идните политики и насоката во која СДСМ ќе се движи во следниот период.
Македонија
(Видео) Победата на Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата
Победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се слави пред Белата палата.
Од обработени 97,69% досега, тој има освоено 57,40%, односно 93.313 гласови, пред кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кој освои 36,40% од гласовите, односно за него гласале 59.178 луѓе.

