Економија
(Видео) Мисајловски: Секаде во светот цената на нафтата паѓа, само во Македонија се зголемува
„Секаде во светот бензините поевтинуваат, само во Македонија под власт на СДСМ поскапуваат. Одлуката за поскапување на акцизата на горивата е чист грабеж нa граѓаните.
Ова е начин како Владата на Заев ќе зема од парите на граѓаните за да ја покрива финансиската дупка, која ја направи Владата. Значи, Владата на Заев ќе се задолжува земајќи пари од граѓаните“, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, на светските берзи цената на нафтата падна речиси 3 пати од почетокот на годината до денес. Имено, на почетокот на годината нафтата се тргуваше за 60 долари за барел, а сега таа оди и за цена од 20 долари за барел. И додека светските цени вртоглаво паднаа, во Македонија не само што не паѓа цената на горивата туку таа и се покачува.
„Влијателниот ‘Њујорк тајмс’ објави дека моментно на светската берза нафтата за јуни се тргува и за 22 долара за барел, што значи дека на светско ниво цената на нафтата подолг период ќе остане ниска. Ниската цена на нафтата на светските берзи власта на СДСМ ја користи за овозможување високи профити на поединци на штета на сиромашниот народ.
Оштетени се сите домаќинства што имаат возило или се греат на екстра-лесно масло, фирмите што користат погонски горива и чија дејност е поврзана со транспортот, како и земјоделците што во наредниот период треба да произведат храна за да ја прехранат нацијата.
Владата ќе прибира пари од народот за да има пари за СЈО, за да има за привремени вработувања партиски кадри. Ние како партија не се согласуваме и апелираме да не се злоупотребува кризата за лукративни цели на власта. Со ваквата одлука се ризикува ценовен шок и растење на цените на други производи поврзани со цената на чинење на нафтата. Ова не е одлука за помош на стопанството, туку враќање на времињата на транзицијата“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

