Македонија
„Екосвест“: Спас на животната средина значи спас на здравјето на луѓето
Овој 22 април заедно да го прославиме Денот на планетата Земја со #ЗеленоВетување кон самите себе, велат во соопштение за јавноста од Центарот за истражување и информирање за животната средина, „Екосвест“.
Оттаму порачуваат дека во екот на пандемијата што го зафати целиот свет сите треба да се прашаме што сакаме да подобриме дома, на работа или во секојдневните навики за да овозможиме изградба на систем во кој главни приоритети ќе бидат здравјето на луѓето и животната средина, праведноста, солидарноста и отпорноста на заедниците.
„Електричната енергија кај нас сè уште доаѓа од јагленот, кој е валкан извор со многу последици врз климата, здравјето и животната средина. Токму затоа е исклучително важно да го направиме домот енергетски ефикасен, меѓутоа и да спречиме непотребни загуби на енергијата во секојдневното извршување на домашните задачи. Оние кои можат да си дозволат да постават фотоволтаици, време е тоа да го направат сега.
Отпадот исто така е еден од најголемите проблеми во нашата земја, а може да биде можност доколку секој од нас направи напори да го намали и селектира домашниот или канцелариски отпад. Ако сè уште не постои систем за селектирање, време е сами да го создадеме – едно по едно маало, еден по еден град. Има доволен број приватни компании кои сега би требало со своите економски активности да ѝ дадат подршка на заедницата каде што ја остваруваат својата дејност“, порачуваат од „Екосвест“.
Оттаму нагласуваат и дека време е човештвото да почне да ги штеди водните ресурси и плодната почва, бидејќи се скапоцен и незаменив дел за животот на планетата.
„Секое парче земја станува важно, дури и просторот во дворот. Време е локалниот производител на храна да ни стане најдобар пријател. И самите можеме да направиме урбани градини кои ќе бидат центар на локалната заедница, ќе нè учат на заедништво, на солидарност и сплотеност“, истакнуваат од „Екосвест“ од каде на Денот на планетата ги повикуваат луѓето на индивидуална акција за спас на Земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

