Македонија
Макрадули: Борбата против вирусот и заштитата на планетата мора да бидат заедничка цел
„Денот на планетата Земја не смее да биде во сенка на Ковид-19. Впрочем, борбата против вирусот и заштитата на планетата мора да бидат заедничка цел. Пандемијата многу погласно се придружи на сите млади активисти, љубители на природата и посветени научници и скромни институции во подигнување на свеста за неопходноста од решителна акција за зачувување на планетата како од вирусот така и од последиците од климатските промени“, изјави заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, по повод Денот на планетата Земја.
Според него, пост-Ковид стратегијата мора да има три компоненти: јакнење на јавното здравје со зајакнување на јавното здравство, закрепнување на економијата, која мора да биде циркуларна во својата суштина и приоретизирање на еколошките предизвици.
„Енергетската транзиција не смее да биде жртва на ниските цени на фосилните горива. Патот кон зголемено користење обновливи извори и масовната примена на енергетската ефикасност не смеат да запрат. Европа потврди дека новиот зелен договор мора да остане центар на закрепнување на нивните економии, затоа и кај нас мора посткризната економија да има и социјална компонента и да закрепнува без дополнителни штети врз животната средина.
Мерките против коронавирусот нѐ научија, верувам сите, дека еднаш неделно сите можеме на работа и без автомобили, друг ден да се работи од дома и сл.
Податоците од светот покажуваат дека населението во местата со зголемени емисии на ПМ 2,5-честитки се поранливи од вирусот. Затоа, планот за чист воздух, кој предвидува јавните и државните институции да не загадуваат, и субвенционирањето на домаќинствата за еколошки начини на затоплување мора да се реализираат во пократок временски период.
Годинава, Денот на планетата мајка коинцидира со и супер годината на биодиверзитет како најдобар индикатор за здравјето на планетата. Само доколку борбата против климатските промени и загубите на биодиверзитетот ги претвориме во одржливи модели, можеме да зборуваме за зачувување на здравјето на планетата Земја“, вели Макрадули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

