Економија
Германија воведува нов економски пакет од 10 милијарди евра
Германските коалициски партии се согласија дека економијата е во неволја поради пандемијата, односно рестриктивните мерки, но тие вложуваат максимални напори за тоа да се чувствува минимално. Затоа воведоа нов економски пакет од 10 милијарди евра, како додаток на претходната програма од 750 милијарди евра.
Германските медиуми пренесуваат дека една од најважните донесени одлуки е да се зголемат бенефициите кога станува збор за работа со скратено работно време, што е ефикасен начин да се зачуваат работните места, односно да нема отпуштања поради кризата.
Тој надомест ќе биде зголемен на 70 проценти, што е 77 проценти за домаќинства со деца, сметајќи од април, и на 80 проценти, или 87 проценти за домаќинства со деца – од август до крајот на годината.
ДДВ ќе биде намален за угостителскиот сектор на стапка од 7 проценти, што ќе важи од 1 јули 2020 година до 30 јуни 2021 година.
Оние што ќе останат без работа како резултат на кризата и имаат над 50 години, ќе добиваат парична помош 12 месеци, но само доколку претходно биле под задолжително осигурување најмалку две години. Невработени над 50 години ќе добиваат надомест 24 месеци, според тоа, двојно подолго. Сепак, за нив е услов тие да бидат осигурани најмалку четири години.
Новиот пакет мерки вклучува и опремување на училиштата, за кои ќе бидат наменети 500 милиони евра, а ќе бидат платени и субвенции за студентите во износ од 150 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Измените на Законот за Енергетика кои ги предлагаме ќе спречат поскапување на струјата за најголем дел од домаќинствата, ќе работиме на поевтинување после јануари
„На заминувањето на власта на СДСМ и ДУИ, се случува повторно ново поскапување на електричната енергија, со што директно се удира по стопанството и по буџетот на домаќинствата“ вели ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните и затоа поднесе Предлог закон за дополнување на законот за енергетика по скратена постапка, со кој ќе се спречи поскапувањето на цената на електричната енергија за најголем дел од домаќинствата сега на почетокот на јули.
Со оглед на тоа што универзалниот снабдувач од порано продолжува да ја врши истата услуга и во иднина, Регулаторна со измените треба само да му ја продолжи лиценцата, без да има дополнителни бирокартски процедури кои чинат пари и време и во исто време ќе се намали маржата од 11,5% на 9,9%. Овие промени но и оптимизацијата во работата на универзалниот снабдувач би ги заштитило граѓаните од поскапувања и со тоа дополнително загрозување на стандардот на граѓаните.
Овие мерки кои сега ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, пред формирањето на владата се во насока на заштита на интересите на граѓаните. По формирањето на владата ќе следи силна и посветена работа во областа на енергетиката, што би требало да резултира со намалување на цената на електричната енергија во следниот регулационен период од јануари 2025, како за домаќинството така и за стопанството“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
Просечната плата во април изнесува 41.085 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2024 година, изнесува 41.085 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по работен во април 2024 година, во однос на април 2023 година, изнесува 113.7.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (21.8%), Земјоделство, шумарство и рибарство (18.6%) и Информации и комуникации (18.0%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (6.3%), Информации и комуникации (5.7%) и Транспорт и складирање (4.9 %).
Економија
Нова цена на горивата од полноќ
РКЕ донесе нова одлука за цената на горивата од полноќ.
Цената на бензините и дизелот остануваат исти, а „мазутот“ поскапува 1,2 денар.
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 81,00 (денар/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 83,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 74,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,00 (денари/литар)
„Мазут М-1 НС“ – 45,680 (денари/килограм)