Македонија
Општина Гази Баба: Нема правосилно решение за уривање на објектот за чија изградба реагираат од ДОМ

Општина Гази Баба ги отфрла обвинувањата на политичката партија ДОМ, која врз основа на реакции на граѓани од општината денеска предупреди дека за објект за кој во 2016 година е донесено решение за уривање, годинава е доделена дозвола за градење.
Општинските власти, пак, за ваквите обвинувања тврдат дека се неосновани и паушални.
„Конкретно за ваков проблем, посочен од група граѓани, градоначалникот на Гази Баба оствари средба со граѓаните што се засегнати и ги извести дека постои пресуда на Управен суд оти не постои правосилно, конечно и извршно решение за рушење објект и дека за издаденото одобрение за градење се известени сите засегнати страни во согласност со Законот за градењето, кои во законски предвидените рокови немаат изјавено никаков приговор на него“, се наведува во соопштението на Општината.
Исто така, од таму нагласуваат дека поради исполнување услови за пензионирање, општината почнала процес за преземање градежен инспектор од друга единица на локална самоуправа поради фактот што Советот на општината нема донесен Годишен план за вработување.
„Постапката е во тек, но поради изборите и сегашната состојба на епидемија, таа беше ставена во мирување“, информираат од Гази Баба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.
Македонија
Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, претходно, на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. Нема да не запрат и нема да не поколебаат, напиша тој.
Македонија
Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање за реакција и помош. Го известиле дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање.
„Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!! Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!“, напиша Кирков на социјалните мрежи.
Тој ги проѕва Град Скопје , Данела Арсовска и Зоран Попов сигнализирајќи и дека состојбата може да доведе до протести.