Свет
Помпео вели дека САД можеби никогаш повеќе нема да ја финансираат СЗО

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изјави дека Светската здравствена организација (СЗО) треба темелно да се реформира и дека Соединетите Американски Држави, најголемиот донатор на таа агенција на ОН, можеби никогаш повеќе нема да ја финансираат.
„Мислам дека треба добро да ја претресеме СЗО и да видиме што ќе произлезе од тоа“, рече Помпео за телевизијата „Фокс“.
„Последен пат ја реформиравме во 2007 година и ова е првпат да мора да се занимаваме со недостатоците на таа организација во рамките на ОН“, додаде тој.
„Мора да ја поправиме, треба да направиме структурни промени во СЗО“.
Претседателот Доналд Трамп го прекина финансирањето на СЗО минатата недела обвинувајќи дека организацијата е склона кон Кина и ги поддржува кинеските дезинформнации за вирусот.
Претставниците на СЗО го негираа тоа, а Кина инсистира дека постојано презентирала транспарентни информации.
САД се најголемиот индивидуален спонзор на СЗО, со речиси 400 милиони долари во 2019 година, што е околу 15 проценти од вкупниот буџет на агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавена првата фотографија по апсењето на убиецот на Чарли Кирк

Медиумите ја објавија првата фотографија од 22-годишниот Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на американскиот активист Чарли Кирк.
Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, претходно денес потврди дека клучна улога во неговото апсење имал неговиот татко.
Семејството изјавило и дека последниве години тој станал политички поангажиран, а непосредно пред доаѓањето на Кирк во Јута зборувал против неговите ставови.
Истражителите откриле и пораки меѓу Робинсон и неговиот цимер, во кои се споменува оружје, оставање пушка во грмушка и гравирани куршуми. Робинсон, наводно, рекол и дека морал да ја смени облеката.
Свет
Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши војната во Украина.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп потсети дека имал добар однос со Путин, но нагласи дека ситуацијата станува сè понеприфатлива.
Како можни мерки ги наведе санкциите кон руските банки и нафтената индустрија, додавајќи дека за тоа е потребно и учество на европските држави. Притоа истакна дека веќе презел сериозни чекори – меѓу нив и воведувањето педесетпроцентни царини на извозот од Индија, земја која е еден од најголемите купувачи на руска нафта.
Свет
Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк.
Клучна трага дало семејство кое пријавило признание од Робинсон.
Видео снимките покажале дека на 10 септември пристигнал на местото со „Доџ Челинџер“. Уапсен е на 12 септември во облека што одговара на видеото.
Семејството кажало дека бил „политички поактивен“ и зборувал против Кирк на вечера пред неговото доаѓање во Јута.
Во пораки со цимерот се споменувале наводен заговор, промена на облека и куршуми со гравирани пораки („Еј фашисто! Фати!“, „Бела чао…“, „Ако го читаш ова, си геј“, „OWO. Што е ова?“).