Македонија
Османи: Во духовниот мир на рамазан се препознава одговорот за актуелните предизвици
По повод почнувањето на рамазанските пости, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, им се обрати на верниците од исламската вероисповед истакнувајќи дека ова е период кога секој верник треба да се сврти кон себе, кон своите најблиски, фамилијата и кон бога.
„Од вечерва почнуваат рамазанските пости, едена од најзначајните обврски што ни помага да се одвоиме од земските предизвици и да се посветиме на нашата внатрешна духовна светост. Ова е период кога треба да се свртиме кон себе, кон своите најблиски, фамилијата и кон Бога за да ги почувствуваме единството и еднаквоства пред Бога, што ни го овозможува овој месец преку постот, избегнувањето на лошите навики и гревови“, истакна Османи нагласувајќи дека денеска кога сме соочени со длабока криза, токму во изградбата на нашиот внатрешен духовен мир се наоѓа и одговорот за соочување со заканата од Ковид-19.
„Седете дома, бидете со своите најблиски, посветете се на себе, на фамилијата, на Бога и со тоа помогнете си најмногу на себе, на своите најбилиски, но и на сите нас, за да создадеме вистинско колективно единство“, им порача вицепремиерот на верниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

